Женски желби

zenski-zelbi-povekjeЖенските желби- на состанок, во кревет, во врска, од корен се изменија, велат женските списанија, социолозите, сексолозите, филмовите и сериите кои ги гледаме...

 

...книгите кои ги читаме. Впрочем тоа го велат и самите жени.Мажите кои тоа го разбираат се во недостижна предност.

zenski-zelbi

Жените кои некогаш биле опседнати со прашањето дали треба на својата диплома да и додадат и докторска титула сега се опседнати со додавањето на сексуални новини.

Дали навистина е тренд или едноставно се работи за среќа?

Серијата „Сексот и градот“ ја потврди и разигра идејата дека жените се сè поинвентивни во спалната соба.

Секако една работа не се измени. Не може да се негира дека мажите и жените се изложени на различни стандарди кога станува знор за сексуалното однесување. На пример, мажите се фалат со многубројните сексуални подвизи, додека за жена промискуитетот носи траен социјален белег.

Прашањето на сексот секогаш различно се толкува од машка и женска перспектива. За мажите тоа значи што поголем број партнерки со минимум обврски.

Кај жените, секако, работите се поинакви, кај нив секогаш е присутен елементот за трагање на долгорочна врска. Жените бараат повеќе духовна ширина, тоа е она што е секогаш присутно во женската сексуална пракса.

Искреноста во односот со партнерот често се наведува како еден од најважните фактори за успешно функционирање на еден пар во креветот и надвор од него. Вистина е и тоа дека емоционалната поврзаност па дури и со повремениот партнер значи подобар секс.

Практично, дојдовме до тоа дека ако веќе сакаме да постигнеме максимален сексуален интензитет, мораме да станеме зен учители. Присутност, трансцедентност и автентичност наспроти чистата желба.

Кој од овие два тега на сексуалната вага треба да е потежок?

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg