5 популарни митови за врските во кои треба да престанете да верувате

Среќните парови никогаш не се расправаат, а партнерите мораат да имаат исти интереси - кои други митови за врската само ви создаваат нереални очекувања?

5-popularni-mitovi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

Нема идеална љубов, како онаа од љубовните романи и романтичните комедии. Сите стереотипи што се наметнуваат се далеку од реалниот живот.

Никој не е совршен, затоа треба да се сакаат и прифатат мааните на другата личност. Заборавете на нереалните очекувања и прифатете ја реалноста.

Ова се пет митови за врските во кои не треба да верувате:

Мит 1: Врската треба да биде страсна

Секако, љубовната врска ќе биде страсна на почетокот, што ќе придонесе за чувство на блискост.

Би било идеално овој примарен пламен на страста да продолжи, но немајте претенциозни очекувања.

Ова не треба да ве разочара бидејќи кога ќе помине почетната еуфорија, дури тогаш вистински ќе се запознаете со партнерот, а близината и интимноста ќе бидат на многу повисоко ниво.

Мит 2: Партнерите треба да ги делат истите интереси

Секако дека треба да сакате слични работи или да имате некое заедничко хоби, но сите се личност за себе. Затоа е важно да имате свои лични интереси.

Ако партнерот ви се придружи и ги прифати истите, ќе биде убаво, но ако тоа не се случи, нема да биде крај на светот.

Zaboravete na nerealnite ocekuvanja i prifatete ja realnosta 02

Мит 3: Среќните парови никогаш не се расправаат

Да се расправате значи да се сакате. Немањето дискусии и несогласувања значи дека практично не сте премногу заинтересирани еден за други.

Но, ако се грижите за другата личност, природно е понекогаш да се расправате.

Се разбира, тоа не значи дека треба да викате едни на други, туку да разберете дека дискусиите и конфликтите се добри за квалитетот на врската.

Мит 4: Секој мора да ги сака семејството и пријателите на партнерот

Запомнете дека сте во врска со некоја личност заради взаемна љубов, разбирање и приврзаност. Да бидете среќни заедно не значи дека треба да бидете среќни со сите членови на семејството и со секој негов пријател.

Взаемно почитување и пријатен разговор одвреме-навреме ќе бидат доволни.

Мит 5: Идеалниот пар секогаш го поминува времето заедно

Секој мора да работи, да има други одговорности и свои интереси. Исто така, на сите им треба време за себе, барем еден момент да се сами.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg