Не успеавме, но сепак ти си најдоброто нешто што ми се случило

Иако не успеавме, ти гарантирам дека сè уште ќе бидеш првата личност на која ќе ѝ ги кажувам добрите вести.

ne-uspeavme-no-sepak-ti-si-najdobroto-neshto-shto-mi-se-sluchilo-01.jpg

Кога ќе се сетам на нас, не жалам. Да, си ги скршивме срцата, но мислам дека двајцата ќе се согласиме дека би го сториле истото одново ако имавме шанса.

Јас цврсто верувам дека сè се случува со причина. Ме научи толку многу за себе, но уште поважно ме спаси.

Влезе во мојот живот кога ми беше најтешко и ме сакаше во текот на целиот процес на закрепнување. Ме научи многу за самата себе и ме спаси.

Ти направи да верувам дека можам да минам низ пекол и да излезам од него посилна. Никогаш нема да заборавам што стори за мене.

Не би сакала ниту да помислам каде ќе бев да не беше ти.

Секој што доаѓа во нашиот живот е со причина и секој што си заминува од нашиот живот успешно послужил со своето присуство. Ти беше поглавје во мојата приказна. Луѓето кои се привремено во нашиот живот, не можеме да ги натераме да бидат засекогаш.

ne-uspeavme-no-sepak-ti-si-najdobroto-neshto-shto-mi-se-sluchilo-02.jpg

Само сакам да знаеш дека никогаш нема да престанам да се грижам за тебе. Мојот ум секогаш ќе си го наоѓа патот до тебе и ти гарантирам дека сè уште ќе бидеш првата личност на која ќе ѝ ги кажувам добрите вести.

Секогаш ќе се прашувам дали ни било судено и дали си бил вистинската личност во погрешно време, но ќе наоѓам утеха во тоа што знам дека се променивме на подобро.

Јасно е дека не можеме да си бидеме дел од животите сега, но се надевам дека некогаш ќе можеме да се најдеме повторно. Сакам да знам каде те одвел патот, каква личност си станал.

Сакам да знаеш дека никогаш нема да престанам да те сакам. Секогаш ќе ти го посакувам најдоброто, дури иако тоа не сум јас.

Секогаш ќе ти бидам најголемата поддршка и ќе ги ценам миговите што ги минавме заедно, но време е да кажам збогум засега.

Ти благодарам за нашата мала вечност.

Извор

Би можело да ве интересира:

Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg