Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека си имате работа со маж истрауматизиран од жена

Некоја жена некогаш го „оштетила“ и сега тој до крајот на животот ќе има проблем во градење на врските со жените.

10-znaci-deka-si-imate-rabota-so-mazh-istraumatiziran-od-zhena-01.jpg

За жал, сѐ уште постојат мажи кои се полни со предрасуди кон жените. Неретко и самите не се свесни за тоа, а нивниот суров став кон понежниот пол е резултат на тоа што некогаш имале лошо и трауматско искуство во животот поврзано со жена на која ѝ верувале.

Без разлика дали станува збор за мајка што го искористувала, токсична сестра, лоша учителка или манипулативна девојка ваквото искуство може да направило одреден маж да чувствува одбивност кон жените и до крајот на животот да влијае на врските што ги гради со нив.

Како да препознаете ваков маж?

- Го насочува вниманието кон одредена жена и таа му е цел, на почетокот е шармантен и не може да му се препознаат скриените намери.

- Но, како поминува времето ќе се открие каков е тој всушност, па ќе стане некултурен, дури и неподнослив.

- Не го почитува договореното време за состаноците со жени, додека кога станува збор за средби со мажи точен е како швајцарски часовник.

- Кога е со жени тој е самобендисан, контролирачки настроен и умислен.

- Жените ги третира поинаку од мажите, ги осудува и не верува во нивните способности.

10-znaci-deka-si-imate-rabota-so-zhenomrazec-02.jpeg

- Натпреварувачки е настроен и го плашат жени што се поуспешни од него.

- Кога дава ветувања на мажи, секогаш ги исполнува, но кога дава на жени – ретко си стои на зборот.

- Во љубовните врски постојано изневерува, зборот моногамија не е дел од неговиот речник.

- Во сексот е контролирачки настроен и ги игнорира потребите и сексуалните желби на партнерката, а постојано бара неговите да се задоволуваат.

- Несвесно прави сѐ што е во негова моќ за жените да се чувствуваат безвредно.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg