Неколку лекции за љубовта

nekolku-lekcii-za-ljubovta-povekjeВи откриваме некои тајни од прасатарата вештина тантра кои можат да ви послужат да постигнете успех во љубовниот живот. Љубовта пред сè...

 

...е длабоко сензуално и спиритуално искуство.

Љубов кон себе си: здравата доза на самопочит која постои кај двата партнери е најважна за успех на тантрата. Морате во потполност да бидете задоволни со себе си. А кога сте задоволни во сопствената кожа и подготвени да споделувате со други, можете да почувствувате највисоки нивоа на интимности кои можат да се замислат.

nekolku-lekcii-za-ljubovta

Искрен разговор: за да постигнете вистинска интима во спалната соба, морате да си верувате. Колку повеќе се отворате еден кон друг на здрав начин толку поинтимни станувате.

Големото изложување и ранливост може да бидат и застрашувачки, но за да доживеете вистинско задоволство на тантрата, неопходен е висок степен на доверба, комуникација и интимност. Начинот на кој тоа можете да го постигнете е разговор за вашите стравови и желби.

Останете отворени и полни со разбирање, немојте взаемно да се обвинувате. Совршено место за тоа е приватноста на вачата спална соба.

Ритуал: не морате да летувате на Бахами, но можете да создадете атмосфера која е романтична и еротична. За да направите совршен амбиент, запалите неколку миризливи свеќи, фрлете перничиња или ќебе на подот од собата, или пак облечете се во свила или некој заводлив долен веш.

Можете да ставите уште некој доказ на вашата љубов, на пример, вашиот омилен цвет или заедничка слика која ќе ве потсетува на тој совршен ден. Сето тоа е дел од ритуалот по тантра. Тоа е време за релаксација и ослободување од инхибиција.

Екстаза: научете да го сакате партнерот со своите очи, здив и допир. Дишете длабоко и мирисајте го партнерот.

Вежбање: некои од поедноставните јога вежби можат да ви помогнат во опуштањето.

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава