„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“
„Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе. А има само 32 години, па тоа допрва само ќе станува „полошо“ како што ќе напредува и ќе добива зголемувања на платата...“

Дечко по име Адам се жали на експертот за врски во британскиот магазин „Metro“ на тема финансиите во врската.
Неговата исповед:
„Заедно сме, но навистина ми е тешко да се справам со фактот дека таа заработува повеќе од мене. Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.
А има само 32 години, па тоа допрва само ќе станува „полошо“ како што ќе напредува и ќе добива зголемувања на платата.
Знам дека не треба да ми пречи и дека треба да бидам горд на нејзиниот успех, но едноставно ми делува толку понижувачки за мојата машкост. И сè почесто предизвикува расправии.
Таа сака да одиме на скапи вечери и во клубови и да трошиме многу пари за ноќни излегувања.
Јас не можам финансиски да држам чекор, но не ми е пријатно ни таа да плаќа за мене.
Ова ја уништува нашата врска. Не сакам да раскинеме, но не сакам ни да бидам овој огорчен, љубоморен човек“.
