„Маж ми е драстично постар од мене. Сите ме прашуваат дали ми е татко“

mazh-mi-e-drastichno-postar-od-mene-site-me-prashuvaat-dali-mi-e-tatko-02.jpg

„И од старт сè беше многу комплицирано. Со месеци размислував како да им објаснам на родителите, но изненадувачки тие реагираа смирено околу разликата во години. На работното место внимавав да не дознаат затоа што знаев дека веднаш ќе ме исперципираат како негов „трофеј“, тоа е стандард со младите жени и драстично постарите мажи.

Една пријателка ми кажа дека ја изгубила почитта кон мене, а кога се венчавме веднаш почнаа прогнозите колку кратко ќе ни опстане бракот.

Многу е парадоксално што колку се попрогресивни луѓето, толку повисоко ги креваа веѓите кога слушаа за нашата голема разлика во години. И која ѝ да е причината за бракот, тие сметаат дека е затоа што жената има корист од мажот.

Единствен проблем е што минатата година му беше дијагностицирана сериозна болест и ме плаши дали ќе се претворам од негова сопруга во негова медицинска сестра. Ме мачеа мислите дали доколку бев со некој на моја возраст овие симптоми за можна смрт немаа да се појават толку рано.

Друг аспект што ме мачи се децата. Не сум сигурна дали би сакала да имам, иако на мојот сопруг не му пречи тоа. Но, ме плаши тоа што кога детето ќе тргне на училиште неговиот татко веќе ќе биде пензионер. Исто така, не сум сигурна дали разликата во години ќе влијае на процесот на забременување.

Но, на крајот од денот кога ќе размислам најважната работа е да сум среќна, а со него сум навистина среќна. Знам дека е тешко да ме разберете …“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg