„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“

„Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. Повеќе би излегол да трча, вози велосипед или плива, отколку да помине време со нас - и децата тоа го забележуваат. Јас сум таа што се грижи за децата сама преку викендите, а најчесто и навечер“.

mazh-mi-se-opsedna-so-sport-me-zapostavuva-mene-i-decata-toa-ni-go-unishtuva-brakot-01.jpg

Читателка се обраќа за совет и помош од психологот на магазинот „IrishTimes“.

Во нејзиниот проблем ќе се препознаат многу жени, бидејќи и во Македонија е навистина актуелно мажите на одредена возраст да започнат интензивно да се занимаваат со некој спорт, како трчање, планинарење или велосипедизам, но во екстремна мерка, до степен на запоставување на семејството.

Нејзината исповед гласи:

„Би сакала да знам дали и други луѓе го имаат истиот проблем – мојот сопруг е опседнат со вежбање и спорт.

Во нашето семејство ова создава вистински проблем и нервози, бидејќи таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив.

Повеќе би излегол да трча, вози велосипед или плива, отколку да помине време со нас и децата тоа го забележуваат.

mazh-mi-se-opsedna-so-sport-me-zapostavuva-mene-i-decata-toa-ni-go-unishtuva-brakot-05.jpg

Исто така, активен е во спортски клубови и знам дека таму добива многу признанија и благодарници за работата, па често организира настани. 

Поради клупските обврски, најмалку три пати неделно го нема по пет часа, што значи дека јас сум таа што се грижи за децата преку викендите и најчесто и навечер.

Се обидов да разговарам со него, но тој ми вели дека треба да бидам среќна што не е во кафеана или не ме изневерува.

Но, искрено, ова веќе ми изгледа како да има афера – чувствувам одбивање и дека не сум привлечна.

Свесна сум дека станувам сè поогорчена и можеби е вистина дека веќе не сум најдобро друштво. Но ако мојот животен партнер не сака да излезе ниту на вечера, ниту на кафе затоа што треба рано да стане или има некој настан – се чувствувам како резерва во неговиот живот.

Децата веќе не го ни прашуваат дали ќе биде дома за викенд и тоа ме растажува. Исто така, се плашам дека за време на годишниот одмор може да ескалираат тензиите, а тоа не го посакувам за децата“.

mazh-mi-se-opsedna-so-sport-me-zapostavuva-mene-i-decata-toa-ni-go-unishtuva-brakot-02.jpg

Одговор:

„Овде може да има повеќе работи во игра – судир на семејни вредности, сериозен проблем во односот како сопружници и во родителството.

Постојат семејства каде што спортот и вежбањето се начин на живот и сите членови учествуваат, се вклучуваат во клубови и заеднички го живеат тој ритам.

Можно е вашиот сопруг да потекнува токму од такво семејство, додека вашето искуство е сосема различно, па затоа постои судир или неусогласеност во тоа што значи да се биде посветен и присутен во семејството.

Вие (и децата) чувствувате напуштеност и дека сте ниско на неговата листа на приоритети, но можеби и тој има чувство дека неговото семејство не ги цени неговите таленти и страсти.

Можеби многу би се добило со добра комуникација и заемно разбирање.

mazh-mi-se-opsedna-so-sport-me-zapostavuva-mene-i-decata-toa-ni-go-unishtuva-brakot-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg