Знаци дека нема да ве запроси и треба да престанете да чекате

Ви вели дека мисли дека тоа е добра идеја, но тоа го вели во последните две години. Кога членовите на семејството ве прашуваат кога планирате брак, тој се лути.

znaci-deka-nema-da-ve-zaprosi-i-treba-da-prestanete-da-chekate-01.jpg

Дел од девојките долго време се во фаза на чекање нивното момче да го постави прашањето.

Некои со години замислуваат совршен миг и предоцна сфаќаат дека партнерот не е заинтересиран да ја однесе врската на наредното ниво.

Знаци дека веројатно тој нема да ве запроси и дека си го губите времето:

- Не е нетрпелив да основа семејство и да има деца, а воопшто не му се ни допаѓа темата.

- Кога ќе му спомнете дека некој прстен ви се допаѓа, ја менува темата.

- Ви вели дека не е материјал за брак (верувајте му).

znaci-deka-nema-da-ve-zaprosi-i-treba-da-prestanete-da-chekate-02.jpg

- Ако си поставивте краен датум и тој одамна го има надминато.

- Не ви ја споменува темата брак иако сте заедно повеќе од 5 години, а притоа сте доволно остварени како индивидуи на професионално поле.

- Постојано ви вели дека колку повеќе го прашувате, толку помалку има желба да ве запроси.

znaci-deka-nema-da-ve-zaprosi-i-treba-da-prestanete-da-chekate-03.jpg

- Ви споменува дека е против тоа жените да ги запросуваат мажите.

- Ви вели дека мисли дека бракот можеби е добра идеја, но тоа го повторува во последните две години.

- Кога членовите на семејството ве прашуваат кога планирате брак, тој се лути.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg