Низ илустрации: Колку се променија љубовните врски низ годините?
Начинот на флертување, љубовните состаноци – што се има променето кај врските низ годините?

Како што поминуваат годините, така многу работи се менуваат,а ниту односот помеѓу љубовните партнери не е исклучок.
Можеби не сте забележале, но ако се потсетите на старите времиња, работите многу се имаат променето.
Направете споредба низ неколку илустрации:
Порано луѓето се запознаваа случајно, а сега зависат од апликации и социјални мрежи

Порано луѓето се запознаваа во живо, а сега со допишување

Порано минуваа денови без да слушнат еден за друг, а сега паничат ако не си вратат на една порака во рок од 5 минути

Порано не беше толку лесно да се стигне до контакт од девојката/дечкото

Момците порано се молеа да не кренат слушалка родителите на девојката, а денес тие се поопуштени по тоа прашање

Порано на радио и музичка програма на ТВ се посветуваа песни, а девојките се топеа - денес тоа е незамисливо

Порано писмата беа начин на искажување љубов, денес се социјалните мрежи

Порано жената завршувала домашни обврски додека мажот работел, денес за среќа половите се изедначуваат

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“
„Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
