Добри и лоши знаци

dobri-i-losi-znaci-povekjeИзразите на лицето, движењето на телото, погледите и допирите, случајни или намерни, понекогаш кажуваат повеќе од зборовите. Големо...


...значење имаат и одредени ситуации во кои ќе се најдете со својата потенцијална партнерка и зборовите кои во таа прилика ќе се кажат. Веќе првиот состанок со вашата потенцијална партнерка може да биде успешен, но може да се претвори во фијаско.

Врз основа на што можете тоа да го заклучите? Обично на основа на некои детали. Постојат знаци кои можеме да ги сметаме за добри, но постојат и оние што се котираат како лоши.

Пред сè, добро е ако таа нема сомничав израз на лицето кога ќе ја излажете колкава ви е платата. Тоа значи дека не е опседната со материјалните ведности и дека има свои приходи кои ја прават независна.

dobri-i-losi-znaci

Вистинскиот показател дека таа ви се допаѓа е вашето верување дека е слатка дури и кога за време на ручекот ќе и остане парче спанаќ помеѓу забите. Но, како и секогаш постои и онаа другата страна на медалот, која е помалку светла. Тоа никогаш немојте да го заборавите.

Доколку седите во некое кафуле, а таа во ваше присуство флертува со келнерот, или со друг маж, знајте дека шансите за успех ви се сведени на минимум. Ако уште и зборува на мобилен со некој друг маж додека сте вие тука, јасно е дека немате ама баш никакви шанси.

Најмногу треба да ве уплаши ако наивно ја прашате за бившите момчиња, а таа почне да ви се жали дека некои од нив ја избегнуваат и не и одговараат на пораките.

Извинете се, отидете до тоалет, скришно платете ја сметката и бегајте без да се вртите назад. Секако, тоа можете да го сторите ако претходно не сте и го дале бројот на својот мобилен или фиксен телефон, што е почетничка грешка која во конкретниот сличај може многу скапо да ве чини.

Би можело да ве интересира:

„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg