Кои се женските ерогени зони?

koi-se-zenskite-erogeni-zoni-povekjeКако продолжение на "Кои се машките ерогени зони?", ви ги претставуваме женските и начините како да ги стимулирате за да имате обострано сексуално уживање...

 

 

Бедрата

koi-se-zenskite-erogeni-zoni

Жените се исклучително осетлили на допир, мазење и бакнување на внатрешноста од бедрата. Исто како и задниот дел од колената и бедрата имаат многу нервни завршетоци кои до колку ги погодите ќе и пружите на вашата девојка вистинско уживање. Но, внимавајте да не ја гризнете бидејќи девојките се многу осетливи во тој дел и можете да предизвикате болка.

 

Задникот

Да, вистина е. Многу жени сакаат кога си играте со нивниот задник, најчесто кога ги мазите или зграпчувате. Има и жени кои сакаат многу повеќе од тоа, но бидете внимателни да не направите погрешна проценка.

 

Вратот

Самото дишење на овој дел, предизвикува целото женско тело да почне да трепери. Епа, сега замислете какво чувство ќе предизвикате ако го употребите вашиот јазик или заби. Бидете нежни, подигнете ѝ ја косата додека се приближувате со усните кон неа. Ова ќе остави "Колку само те посакувам" впечаток, што е уште еден плус за вас.

 

Ушите

Многу жени уживаат кога им ги лижете или бакнувате ушите. Исто така, можете да им шепотите нешто убаво, романтично или еротско. Проценете сами.

 

koi-se-zenskite-erogeni-zoni-2Зглобовите

Ова може да ви дојде како шок на повеќето мажи, но жените обожаваат кога ги милувате или бакнувате нивните зголобови. Следниот пат кога ќе почнувате нешто со вашата девојка почнете да ги бакнувате и милувате нејзините зголобови и видете колку изненадена и возбудена ќе биде.

 

Градите

Ова сигурно никого не изненадува. Голем дел од сексуалното возбудување кај жената ќе го постигнете со бакнување, лижење, играње или милување на нејзините гради. Има жени кои сакаат нивните мажи да бидат малку погруби со нивните гради, но бидете сигурни во тоа пред да пробате било што.

 

Г точката

Понекогаш може да биде тешко да ја најдете Г точката на женското тело, но навистина вреди да се потрудите. Тоа е делот од женското тело кое што доколку се стимулира предизвикува неверојатно и единствено интензивно сексуално чувство.

 

Усните

Ако умеете вистински да манипулирате со нејзините усни, да ги бакнувате, грицкате, шмукате или лижете многу веројатно е дека бакнежот ќе ви донесе многу повеќе од тоа. Употребете ги вашите усни, јазик или заби за да си играте со горната и долна усна и да ја бакнувате страствено.

 

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава