„Имам 42 години и не сум мажена, животот не ми отиде во насоката во која очекував“

„Не успевам да најдам личност која би ми била соодветна за брак или барем за сериозна врска... Не сакам да прикажам дека да се биде сингл е вечен одмор. Понекогаш е многу тешко и нема на кој да му се пожалите, освен на вашето куче.“

imam-42-godini-i-ne-sum-mazhena-zhivotot-ne-mi-otide-vo-nasokata-vo-koja-ochekuvav-01.jpg

42-годишна жена анонимно за руското издание на магазинот Cosmopolitan ја раскажува својата приказна.

Таа открива дека не е мажена и ги споделува позитивните и негативните работи околу тоа.

Нејзината исповед:

„Кога имав 20 години не ја исклучував можноста дека е можно да не се омажам и да не основам семејство. Се состанував со мажи, но некако не им давав толкаво значење, како што правеа моите пријателки. Нив им беше цел да се омажат и да имаат деца и го постигнаа тоа.

Јас пак се барав себеси и да бидам искрена немав голем интерес за луѓето околу мене. Сега, се разбира, знам која сум, но не успевам да најдам личност која би ми била соодветна за брак или барем за сериозна врска.

Инаку, ако живеете сами мора да бидете мудри, да го планирате животот и комуникацијата. Сите мои пријатели се во брак и секоја средба со нив треба да ја прилагодам според нивниот распоред и средбите се многу проретчени.

Понекогаш станувам анксиозна што ако добијам отказ, како ќе ги плаќам сметките, но потоа сум со ставот дека е подобро да зависам од себе финансиски, отколку од кој било друг. Сама сум, но не и напуштена, постојат луѓе што ме сакаат и може да ми помогнат во кризни ситуации.

Не сакам да прикажам дека да се биде сингл е вечен одмор. Понекогаш е многу тешко и нема на кој да му се пожалите, освен на вашето куче. Тие раскошни свадби со прекрасни невести и задоволни младоженци, со половина од моите години, ме потсетуваат дека мојот живот не отиде во насоката во која мислев дека ќе оди.

Но, од друга страна ја имам мојата слобода. Минатиот викенд на пример бев на втор роденден кај синот на моите пријатели, видов многу од моите соученици со нивните семејства. Си поминував добро, но кога децата збеснаа и почнаа да врескаат си се вратив во мојот удобен апартман каде во мир си пиев кафе и гледав филм.

Се прашувам дали некогаш ќе ја сретнам љубовта на мојот живот? Или дали пријателствата се доволни за да бидам задоволна со својот живот? Имам семејство – мајка, браќа и нивните семејства. Имам доволно пријатели од различни градови. Но, несигурноста останува.

Сексуалниот живот не ми трпи, сега е полесно од кога било да пронајдете некој само за секс, без емоционална поврзаност. Дали практикувам авантури за една ноќ? Не, но имам кого да повикам кога сум расположена за секс.

Мојата ситуација не е реткост. Живеам во голем град, каде има доста мажи и жени во 40-тите што се сингл. Причините се различни, но не можам да негирам дека бројот на такви луѓе сепак не е многу голем.

Нема да лажам. Пред 10 години бев загрижена што животот ми се развива во оваа насока. Но, колку повеќе свеќички дувам на роденденската торта, толку помалку сум загрижена за тоа.

И сега сум комплетно задоволна со мојот живот.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Луѓе споделуваат искуства за брак и врски без секс: „Поминаа три години откако бевме интимни“ „Јас сум во врска без секс и навистина не знам што да правам. Поминаа три години...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg