6 начини како повеќе да уживате во сексуалниот чин

Kaко да останете концентрирани на мигот за време на сексуалниот чин и да не мислите на сметките, проблемите, кредитот?

6-nachini-kako-da-povekje-da-uzhivate-vo-seksualniot-chin-01.jpg

Сите ние сонуваме за совршен секс, но дали тоа секогаш е реалност?

За жал, тоа не се случува така често, особено ако сте во долга врска или брак или пак сте имале некаква траума која ви го изместила сексуалниот живот од колосек.

Како повторно да уживате во сексот?

Трикови што ќе ви помогнат:

- Дишете бавно и длабоко и издишувањето нека биде подолго од вдишувањето. Повторувајте го ова многупати по ред. Со помош на дишењето ќе останете присутни во моментот и ќе го натерате нервниот систем да го смири телото.

- Фокусирајте се на емоциите и физичките допири.

6-nachini-kako-da-povekje-da-uzhivate-vo-seksualniot-chin-03.jpg

- Набљудувајте со сите сетила. Сфатете што сакате, а што не. На пример можеби не сакате секс во премногу топла или студена просторија, можеби сакате со одреден тип на музика, размислете дали ви пречи мирисот на постелнината...

- Дискутирајте за вашите чувства со партнерот.

6-nachini-kako-da-povekje-da-uzhivate-vo-seksualniot-chin-02.jpg

- Експериментирајте со ерогените зони, кои не се интимни. Проверете дали тој/таа се возбудува со допири или бакнежи на стомакот, градите, вратот, истражете што сака најмногу.

- Потоа, префрлете се на интимните зони и проучувајте се еден со друг. Правете го ова од време навреме затоа што само преку пракса ќе научите што ви одговара вас и на партнерот.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg