Универзален љубовен хороскоп

Раскинувањата не ги прифаќаме сите исто – некои плачат, некои не јадат, други патат во тишина, но има и онакви кои утеха наоѓаат во пиењето или во нов патнер.

Ако верувате дека реакцијата има врска со хороскопскиот знак, пронајдете го својот партнер и видeте каква реакција ќе има тој, ако го откачите:

Овен
Болно го доживува раскинувањето, иако се труди на остави впечаток на неодолив срцекршач. Иако е огнен знак, не му е сеедно кога доаѓа до раскинување на врска. Бидејќи верува дека во љубовта и војната се е дозволено, тој ќе се обиде да ја придобие личноста која ја сака на сите можни начини.

Бик
Иако делува опуштено, како да нема никакви проблеми, тешко поднесува раскинување со саканата личност, па макар и кога некој од нив мора да отпатува. Ако станува збор за дефинитивна разделба со саканата, емотивниот бик ќе се заклучи дома и ќе пати во тишина, евентуално ќе поразговара со најдобриот пријател кој тешко дека ќе го измотивира да се помрдне од кревет. Утеха наоѓа во стихови од песни кои го потсетуваат на партнерот.

Близнаци
Тие глумат дека раскинувањето го доживуваат спортски, на принцип – не е тој/таа единствен на светот, но вистината е дека не им е лесно. Близнакот е навикнат да биде сакан, потребен, па никако не може да им стане јасно зошто некој би ги оставил. А ако тоа се случи, тој ќе праќа смс пораки, ќе ја бара, ќе ја чека пред куќа...

Рак
Ракот тешко го преболува прекинот на врската, па во очајот се нафрла на јадење и пиење по кафани, а често и наоѓаат нов партнер во кој ќе бараат утеха, а е под нивно ниво. Но, ракот од почеток ќе се надева на моментот кога ќе ја сретне љубовта на својот живот, и ништо друго не им е важно!

Лав
Гордиот лав пати драматично, отворено па сите дознаваат дека тој е повреден. Тешко го поднесуваат прекинот на врската, па често размислуваат дали причината е повреда на суета или пак скршено срце или и едно и друго.

Девица
Избувлива но трпелива Девица кога станува збор за раскинување, дава се од себе само да ја открие причината за тоа. Ќе се дави во својата омилена чоколада, и ќе смислува што пораки да праќа на својот сакан партнер. Во случај таа да посака да ја раскине врската, ќе направи да личи дека е таа (Девица) оставената.

Вага
Воздржана и суетна Вага, како родена глумица, нема на никој на му го пружи тоа задоволство да гледа како таа пати и како нејзиниот свет е срушен. Пред другите ќе се смешка и ќе се прави дека таа го оставила партнерот, а не тој неа, се додека дома ќе плаче и ќе се буди на јастукот кој сеуште ќе мириса на парфемот на саканата личност која Вагата ја сака до болка.

Шкорпија
Таа пати како ниеден друг знак, посебно кога е заљубена и оставена од личноста која искрено ја сака. Нема да знае на кого прв да се јави, со кого да разговара за нејзината тага, затоа што со Шкорпиите е најтешко да се разговара за љубовните проблеми. Тие се неподносливи и дефинитивно најтешко ја прифаќаат разделбата со партнерот.

Стрелец
За да го преболи раскинувањето Стрелецот ќе избега од суровата реалност. Секако ќе се обиде некаде да отпатува, но ако тоа не е возможно, ќе замине во омилениот ресторан или ќе се вози низ градот, а по пат ќе го изнајми филмот кој сакал да го гледа со саканата личност.

Јарец
Практичен, но чувствителниот Јарец нема никогаш да му биде јасно кој би бил толку луд баш него да го остави, затоа што нема нешто што тој не би направил за партнерот. Кога е тој оставен, пробува да го премота филмот наназад, и да види што тоа на партнерот не му одговарало. Тој пати сам и сам си се теши.

Водолија
Оставената Водолија ќе трча од пријател до пријател неможејќи да сфати дека партнерот ја оставил затоа што никогаш не била на чисто со неговите намери, плано и чувства. Се што таа ќе посака да му каже на својот партнер, ќе го исфрли на своите пријатели. Но, сепак, ќе направи се што може и неможе за да ја врати саканата личност.

Риби
Рибите се родени за патење, сожалување и бол. Тагата во нивните очи е поголема од сите можни зборови, а со осаменоста и солзите се справуваат во тотална излолација. И така во сопствено сожалување, несфатени и отфрлени од партнерот, Рибите во својата емотивна конфузија ќе се потсетуваат на некои други љубовни раскинувања, за кои мислеле дека по нив, светот запрел.

Би можело да ве интересира:

„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Што најмногу гледале Македонците на Pornhub во 2023? На деталниот приказ по најгледани категории на филмови за возрасни се најде и Ма...
Пет навики на мажите со кои ненамерно ја уништуваат довербата во врската За секој телефонски разговор заминува во другата соба, не признава кога згрешил,...
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...
Прашувам за пријател: „Имам слаб оргазам, речиси не го чувствувам, што не е во ред со мене?“ (18+) „Во јавноста се создава нереална слика за оргазмите, па затоа се нереални и очек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg