„Таа треба да те остави“ - маж (35) стана мета на онлајн критики со суровата шега со запросување на девојка му
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
продавач 17-09-2021


„Таа треба да те остави“ - маж (35) стана мета на онлајн критики со суровата шега со запросување на девојка му

„Јас немаше да сакам да се омажам со личност како тебе“ – е само еден од осудувачките коментари за мажот кој ѝ го уништил мигот на запросување на саканата.

taa-treba-da-te-ostavi-momche-stana-meta-na-onlajn-kritki-so-surovata-shega-so-zaprosuvanje-na-devojka-mu-01.jpg

За повеќето девојки запросувањето е магичен миг и сакаат да се случи на убав и романтичен начин.

Но, еден 35-годишен маж од САД одлучил да се пошегува на темата со својата девојка, но очекувано тоа испаднало дека е погрешен потег. Неговата сакана му се налутила.

На Reddit тој ја споделува ситуацијата:

„Имам 35 години, а мојата девојка 30. Заедно сме 5 години. Таа во последните 3 години јасно ми посочува дека сака да се венчаме. Секогаш ѝ велам дека треба да почека и дека тоа ќе се случи еден ден.

Една ноќ бев излезен со пријателите на пијалак и испив малку повеќе. Додека бев излезен на една машина во забавен парк добив глупав пластичен прстен.

Во мојата пијана состојба си помислив дека би била добра идеја да се преправам дека ја запросувам мојата девојка со него. Пријателите се насмеаја на идејата и се согласија.

Дојдов дома по полноќ, ја разбудив девојка ми (дури и ова е срамно знам) и ѝ кажав итно да стане од кревет. Таа беше загрижена и ме прашуваше што не е во ред.

Ѝ реков да седне на работ од креветот. Потоа клекнав на колена и го извадив пластичниот прстен и ја прашав „Ќе се омажиш ли за мене?“ и потоа почнав неконтролирано да се смеам. Но, не ја добив реакцијата што ја очекував.

taa-treba-da-te-ostavi-mazh-35-stana-meta-na-onlajn-kritki-so-surovata-shega-so-zaprosuvanje-na-devojka-mu-10.jpg

Таа луто ме праша дали сум нормален и фрли перница по мене. Отиде во тоалетот, ја следев и видов дека плаче. Јас уште не можев да прекинам со смеење (лошо знам).

Таа плачеше и велеше: „Не можам да поверувам дека ова ти е смешно, знаеш колку многу ми значи мене бракот и запросувањето. Ти ми го одзеде тој специјален миг така што клекна на едно колено на шега.“

Јас (уште полошо) ја прашав како знае дека е шега? Таа ми кажа: „Па, подобро да биде, со тој прстен!“

Потоа ѝ кажав дека навистина е шега, но веќе беше многу лута. Јас потоа си легнав и заспав. Оттогаш постојано плаче и се жали дека сум ја исмеал неа и нашата врска.

Ѝ се извинив, но мислам дека реагира претерано и детски. Ироично е што јас навистина планирам да ја запросам наскоро.

Но, навистина вака да регира на шега? Мора да го надмине тоа нели? Или јас сум кретен?

taa-treba-da-te-ostavi-momche-stana-meta-na-onlajn-kritki-so-surovata-shega-so-zaprosuvanje-na-devojka-mu-02.jpg

Реакциите на дел од луѓето од форумот:

„Навистина? Подобро ти е да се се надеваш дека нема да те остави пред вистински да ја запросиш. Таа не реагирала претерано.

Ти си ги исмеал нејзините чувства. Најверојатно плаче затоа што не знае што да направи сега. Јас знам дека да бев на нејзино место немаше да сакам да се омажам со личност како тебе.“

„Дали навистина ти и твоите пријатели сте во средината на 30-тите години? Изгледате како тинејџери. Сè што ќе помислиш дека е добра идеја на пијано, најверојатно не е. Ова нека ти биде лекција.“

„Ја разбуди среде ноќ, таа три години чекала да ја запросиш, а ти ја исмеа, што ти е?“

„Таа навистина треба да те остави, ужасен си.“

„Имаш 35 години, време е да пораснеш и да престанеш да ги слушаш другарите. Глупаво е.“

„Ова е навистина сурово. Ужасно е да ѝ направиш нешто такво на личност која наводно ја сакаш. Таа треба да те остави.“

Што мислите вие за „шегата“ на овој маж?

taa-treba-da-te-ostavi-momche-stana-meta-na-onlajn-kritki-so-surovata-shega-so-zaprosuvanje-na-devojka-mu-04.jpgtaa-treba-da-te-ostavi-momche-stana-meta-na-onlajn-kritki-so-surovata-shega-so-zaprosuvanje-na-devojka-mu-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка му испринта маица со заканувачка порака на момчето, за кога оди сам во град На маицата стои фотографија од неа и описот со „Здраво, јас сум Холи, неговата Д...
„Мислев дека сум вљубена во дечко ми сè додека најдобриот пријател не ме бакна – сега не знам што да... „Мислев дека сум вљубена во моето момче сè додека најдобриот пријател не ме бакн...
По мислење на мажите: Каква е идеалната жена? Вкусовите се различни, но одредени квалитети на девојките, не ги оставаат рамнод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg