„Откако се породив со царски рез, не можев да имам секс со месеци – што научив од искуството?“

Искрена исповед: „Во првите шест недели сексот беше на 123-то место од 124-те работи што сакав да ги направам. Не можев сама ниту да ги сменам огромните влошки, а не пак да го свиткам моето искасапено тело во секс-поза. Плус, ништо не ја убива страста како фразата 'чувствувам како да имам ренде во мене' заради ребрастите кондоми...“

otkako-se-porodiv-so-carski-rez-ne-mozhev-da-imam-seks-so-meseci-shto-nauchiv-od-iskustvoto-01.jpg

Британската инфлуенсерка Кеси Кинг во објава на Инстаграм отворено говореше за тоа како се чувствувала кога со сопругот повторно се обиделе да стапат во интимни односи по бременоста.

Кеси Кинг (28) појаснува во нејзините објави дека таа се породила со царски рез во јуни годинава и ја добила ќеркичката Аурелија (Рае).

View this post on Instagram

A post shared by chessie king (@chessieking)

Нејзината објава насловена „Ајде да говориме за сексот по бременоста“ во моментов има над 67.000 лајкови, а во неа искрено опишува како се чувствувала кога неколкупати со партнерот Метју се обиделе да имаат секс по бременоста.

Проследете ја нејзината исповед во целост:

„На денот кога ми направија царски рез, уште пред да ја запознаеме Аурелија, акушерките нè прашаа каква контрацепција планираме да користиме...

Во првите шест недели сексот беше на 123-то место од 124-те работи што сакав да ги направам. Не можев сама ниту да ги сменам огромните влошки, а не ни помислував да го свиткам моето искасапено тело во некоја од позите од Кама Сутра.

Во неделата ве прашав дали сметате дека доволно се говори за сексот по царскиот рез и 97% од вас одговоривте со: ’не’.

Јас можам само да говорам од моето лично искуство, па вашите искуства се повеќе од добредојдени.

Се обидовме 7 недели по породувањето, денот кога ми рекоа дека можам да имам секс, но јас апсолутно не бев подготвена. Ништо не го убива задоволството како фразата: ‘Леле, се чувствувам како да ме рендаш со пенисот’ (најверојатно сум купила кондоми со набори).

Се обидовме повторно на 8-мата недела. Пак се чувствував како вагината да ми е залепена и затворена, па Мет купи жолт лубрикант, што немаше никаков ефект освен што направи собата да мириса убаво.

Кога по 10 недели повторно се обидовме, Рае по 3 минути одлучи да ни даде поддршка од креветчето што е на 1 метар од нас.

Па така, за среќа четвртиот пат или 11 недели по породувањето конечно успеавме да имаме нешто што наликуваше на секс и еве што научивме:

- Навистина помага кога се смеете.

- Помага кога разговарате за она што ви се случува.

- Помага и да се преправате дека ова ви е првпат да имате секс заедно.

- Лубрикантот помага.

- Ако водите љубов супер-бавно помага.

- Помагаат екстремно тенките кондоми (бегајте од оние со набори).

- Времето навистина ги лекува раните.

- Помага и да експериментирате прво со некои основни секс-пози, а потоа да ја зачините акцијата со оние понесекојдневните.

Оваа објава беше проследена со поголем број коментари во кои нејзините следбеници ѝ се заблагодарија за искреноста, а споделија и дел од сопствените искуства.

Што мислите вие, дали доволно се говори отворено на оваа тема? Какво е вашето искуство?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg