Кога е време за секс?

koga-e-vreme-za-seks-povekjeНемој сега, чекаме гости... Леле, уморна сум... треба да одам на работа... Гледаше утакмица, пушти ме сега мене да гледам серија.... Колку пати дневно...


...помислувате на водење љубов? Некои истражувања покажуваат дека секој од нас, во просек, помислуваат на водење љубов осум пати дневно.

Секако тоа нема да го правиме толку често (барем не секој ден), но колку пати всушност го правиме? Просекот вели: еднаш неделно. Зошто не почесто? Причините се најразлични.

koga-e-vreme-za-seks

За да водењето љубов биде „она вистинското“, потребни се многу работи: утре да не мора рано да стануваме, никој неочекувано да не ни влезе во собата (гости, деца), да сме имале романтична вечера покрај свеќи, никој да не нè изнервирал дента, да имааме барем два часа на располагање, ѕвездите да се во вистинска положба...

Па тоа е веќе претерано, ќе речете. Секако дека е и малку кој ќе го побара сето тоа за да води љубов, но факт е дека повеќето од нас ги комплицираат работите кога се работи за „вистинското време за она“. Би сакале ние, ама ете...не можеме.

А зошто не? Во што е проблемот, наскоро ќе дојдат гостите? Нема да дојдат уште едно петнаесетина минути – што може да биде сосема доволно, па потоа да ги пречекаме насмеани, опуштени и расположени (вашата опуштеност ќе биде толку заразна што и нема да ви замерат ако малку и почекале да им отворите).

Уморни сте после работа? Водењето љубов е вистински начин да се релаксирате и да се ослободите од стресот – не, не мора секогаш да биде „секс-маратон“.

Да, корисно е да сè испланира – корисно е однапред да одвоите време, па едно два часа ништо да не ве вознемирува, да можете потполно да уживате заедно.

Сепак не е неопходно. Нема ништо лошо во тоа де речеме, својот сакан, да го пречекате во кадата, кога ќе се врати од работа- а вечерата да ја послужите откако двајцата ќе се опуштите.

Немојте да се срамите од своите желби и немојте секогаш да ги одложувате „додека не биде вистинско време за тоа“, ако ви се случи да имате расположение за секс, шепнете му нешто „безобразно“ на саканиот и во најнепогоден момент...па е видите колку бргу шепоптот може да се претвори во вистина.

За сè што навистина сакаме, можеме да одвоиме време – можеби нема да изгледа „како на филм“, но каква врска има тоа? И онака треба да живееме свој живот, а не филм.

Уживајте во животот, својот живот – а оние на филм нека прават што сакаат.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg