Знаци дека за еден пар по свадбата (најверојатно) доаѓа развод

Едниот партнер пробува да контролира сè околу венчавката

Ако партнерот сака да контролира сè во врска со венчавката, најверојатно така ќе се однесува и дома.

„Овој партнер ќе сака да знае каде одите, колку пари сте потрошиле, зошто сте го направиле ова, зошто не сте го избрале тоа“, вели Леора.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-05.jpg

Лош однос со семејството на партнерот

Анонимниот организатор вели дека ова не мора да значи дека бракот е осуден на пропаст, туку дека ќе постојат конфликти со семејството.

„Ова навестува каков ќе биде брачниот живот и потенцијалните конфликти во него.

Секоја драма со која се справувате за време на планирањето на венчавката, открива многу за интеракциите што ќе ги имате подоцна“.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-06.jpg

Комуникацијата помеѓу паровите е лоша

Според Леора, и лошата комуникација при планирањето на свадбата е лош знак.

„Нормално дека во животот има поважни одлуки од бојата на цвеќето за свадбата или приборот за јадење. Но, начинот на којшто комуницираат паровите во овој период е многу важен и открива многу за нивната врска“.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-07.jpg

Парот прави свадба бидејќи мора, а не бидејќи сака

Многу парови чувствуваат притисок да направат свадба, без разлика што и двајцата не сакаат.

А, ова може да создаде многу проблеми.

„Сум соработувала со парови кои биле скршени од целото планирање. Фрустрирани се и јасно е дека сакаат да ја откажат свадбата. Но, тогаш велат: ’Стигнавме дотука, мораме да се венчаме‘.

За жал, сум видела многу парови кои се венчале и по ова, но не издржале заедно. Беше јасно дека не се вљубени и се венчаа бидејќи нивните семејства го очекуваа тоа. Ова е тажно“, вели Леора.

znaci-deka-parot-najverojatno-kje-se-razdeli-po-svadbata-spored-organizatori-na-venchavki-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg