Треба ли да му се вратите на бившиот? Добрите и лошите страни на обновувањето на пропаднатата врска

Ако раскинувањето било болно, кај вас може да се останати чувства на болка, тага и гнев. Тоа е нормално. Но, врската нема да има шанса ако продолжите да негувате лутина и незадоволство кон вашиот поранешен партнер.

Ако мислите дека на долг рок нема да може да се справите со лутината, тогаш подобро да не ѝ давате нова шанса на пропаднатата врска.

Бидете сигурни дека и двајцата сте посветени на идејата за нова, подобра врска.

Градењето на нешто ново ќе бара време и напор. Затоа и двајцата мора да бидете сигурни дека ова е тоа што го сакате. Врската нема да функционира ако едниот партнер има поголема желба да ги обнови работите од другиот.

„Бидете спремни да имате отворена комуникација во однос на тоа зошто сакате да бидете заедно и дали и двајцата сте на иста страна“ - советува Хазан.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-06.jpg

Не се однесувајте исто, така нема да добиете различни резултати

Многу е важно да не се однесувате исто како во минатото. Ако не ги смените своите навики и размислувања, залудно си давате втора шанса, најверојатно и таа ќе заврши неславно како и првата.

„Можеби ќе треба да ги промените вашите комуникациски навики, граници и очекувања со цел врската да процвета“ - вели Гулота.

Бидете брутално искрени со себе

„Откако ќе се соземат од раскинувањето, луѓето може да стават розови очила, да ги заборават проблемите и да не размислуваат за работите што ги поттикнале да раскинат. Како резултат на тоа, може да им биде примамливо да ги игнорираат црвените сигнали, дури и кога ќе ви видат втор пат“ - вели Ханза.

Сличен став има и Гулота.

„Бидете искрени со себе за тоа кој е пред вас. Дали е вашиот партнер и понатаму ист или се смени? Но, погледнете се и себеси. Можеби ќе треба да промените многу работи и кај вас. Ако не сакате да се смените, тогаш заборавете на идејата да се смирите“ - вели тој.

treba-li-da-mu-se-vratite-na-bivshiot-dobrite-i-loshi-strani-na-vrskata-so-partnerot-shto-ednash-propadnala-07.jpg

Не се враќајте на старата врска зашто се плашите да бидете сами

Најлошата причина да се смирите со бившиот е стравот да останете сами. Тоа ги наведува луѓето да рационализираат, да ги оправдуваат лошите однесувања од минатото, да ги прифатат начините на комуникација кои не се прифатливи.

Никогаш не дозволувајте стравот од тоа да бидете сами да ве држи во нездрава врска во која не сте исполнети и задоволни.

Очекувајте предизвици

Дури и ако правите сè како што треба, веројатно ќе имате предизвици. Сетете се на ова за да бидете ментално подготвени кога ќе се соочите со пречките што ќе ве чекаат.

„Сите раскинувања се тешки, без разлика дали тоа влијае на едниот или на двајцата партнери. Кога ќе се појави лош багаж од минатото и ќе треба време и напор да се решите од тоа што ве мачи“ - додава Хазан.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава