4 ситуации кои го вадат од такт

4-situacii-koi-go-vadat-od-takt-povekjeРасправиите не се пријатни, но ако се обидувате да ги решите на вистински начин можат да бидат многу корисни. Но, постојат ситуации кои не...


...помагаат туку само дополнително ги разгоруваат негативните страсти.

Доколку сакате да избегнете жестоки расправии со партнерот, добро размислете за своите реакции и дознајте ги четирите најчести ситуации со кои можете да го извадите од такт партнерот.

1. Памти па врати

Многу пати решавањето на несогласувањата воопшто не се решение, а во тоа жените се најголеми стручњаци. За тоа најзаслужни се старите ситуации кои од некоја причина испливуваат на површина.

Ако сакате да избегнете ваков начин на собирање негативна енергија решавајте ги тековните проблеми, а работите кои ве повредиле во минатото таму и нека останат.

2. Ултиматуми

Расправиите не се забавни, особено кога станува збор за „валкани игри“. Играњето со емоциите може да биде многу опасно.

Ултиматите како „Ако и понатаму го правиш ова ќе раскинеме“ не се решение на проблемот, така само се разгоруваат негативните емоции кај партнерот кој на овој начин е ставен во ќош.

4-situacii-koi-go-vadat-od-takt

3. „Муртење“ во тишина

Дали има нешто поиритирачко кога партнерот на расправија одговара со „муртење“ во тишина? Иако е тоа многу честа женска реакција таа не ги заобиколува ни мажите.

Студеното и резервирано однесување во текот на расправијата дополнително ќе ги разгори страстите, а резултат на тоа ќе биде само натрупување на проблемите и влошување на состојбата. Обидете се да го решите проблемот додека е свеж и актуелен.

4. Хистеричен напад

Истражувањата покажале дека мажите многу полошо го поднесуваат стресот предизвикан со жестока расправија отколку жените.

Причина за тоа е што жените многу повеќе зборуваат за својот проблем, па не ретко го споделуваат со пријателките, додека мажите таквите работи ги држат во себе и интимните разговори најчесто ги споделуваат само со партнерката.

Токму поради ова кога ќе почувствувате блага хистерија откако негативната ситуација во врската сте ја продискутирале со некоја блиска личност и кога ќе почувствувате потреба насобраните фрустрации да му ги пренесете на партнерот, дајте му време да се запознае со ситуацијата што ве мачи.

Би можело да ве интересира:

„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg