Најмладата модна икона на светот

najmladata-modna-ikona-na-svetot-povekjeБлагодарение на плакарот преполн со дизајнерска облека шиена баш за неа, Сури Круз долго беше најмалото девојче со најскапи фустанчиња.


Но, откако Викторија Бекам ја доби долго посакуваната ќерка погледите на модните креатори се свртија во друга насока.

Харпер Севн има четири месеци и е најмладата модна икона на светот.

Со родителите Дејвид и Викторија Бекам, Харпер со самото раѓање доби слава и наследи одличен стил за кој е заслужна нејзината мајка, која полека но сигурно го добива место на врвот од дизајнерскиот свет.

najmladata-modna-ikona-na-svetot

Прв пат во јавноста малата Харпер се појави кога имаше само месец дена и тоа во боди со потпис на Stelle McCartney, а неколку дена потоа мајка и ја прошета низ Њујорк во дводелен комплет од марката Makie.

Пред ревијата на Викторија за пролет/лето 2012 на недела на модата во Њујорк, дизајнерката беше на шопинг со својата двомесечна ќерка која беше облечена во комплет на Stelle McCartney, а на самата недела на модата се појави во преубав комлет со потписот на Makie.

Додека беше во Њујорк малата Харпер можеше да се види во фустанчиња, чорапчиња, ленти за коса со потписот на брендовите: Bonpoint, Marie Chantal, Chloe и Terre de Sienna.

Викторија Бекам по три сина едвај ја дочека семејната галеничка, а се шушка дека покрај одличната креација која ја дизајнира за жени, сака да направи и линија на облека за деца.

Би можело да ве интересира:

Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле) Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверо...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Карираните кошули се враќаат во мода – трендсетерките ги носат на необичен начин (фото) Со маица под нив, врзани околу струк или фатени во јазол со гол стомак – како тр...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg