Работи што не треба да ги фрлате од гардероберот (дури и ако одамна не сте ги носеле)
Модата се враќа, па ако некои парчиња облека сега ви делуваат застарено, најверојатно за неколку години ќе бидат хит. Затоа, ако не се оштетени, немојте да ги фрлате или подарувате.

Ако планирате да правите пролетна чистка на гардероберот, веројатно намерата ви е да се ослободите од работите што поради некоја причина не ги носите.
Иако ова е одличен начин да се справите со хаосот, некои парчиња не е препорачливо да ги фрлате ил подарувате, без разлика што не сте ги облекле одамна.
Секако, ова не важи за оние што се искинати и неупотребливи, туку парчиња кои се во добра состојба, но само одамна не сте ги употребиле.
Кои се тие?
Мантили и кожните јакни
Квалитетните мантили и кожни јакни се парчиња што можете да ги чувате цел живот ако не се оштетат.
Не заборавајте дека модата се враќа, па ако сега ви делуваат демоде, за некоја година сигурно ќе бидат хит.
Или, можеби ви се мали или големи бидејќи сте ја промениле тежината – чувајте ги за секој случај.
Свилени кошули
Кошулите изработени од свила се квалитетни и веројатно не сте ги купиле евтино.
Генерално, свилените кошули секогаш се класика и добро би било да ги чувате.
Можеби сега не се совпаѓаат со вашиот стил, но стилот е нешто што еволуира, па ако ги фрлите, можно е во иднина да ви недостасуваат.
Квалитетни чевли
Штом чевлите се квалитетни, удобни и не се оштетени, никако немојте да ги фрлате.
Како што веќе спомнавме, модата се враќа и вкусот за облека се менува, па во иднина сигурно ќе ви се најдат.
Кардиган
Кардиганите моментално се огромен хит, но пред неколку години не ги носеше никој.
И, ова е одличен доказ дека некои парчиња вреди да ги чувате.
Штом кардиганот е квалитетен и не е оштетен или избледен, нека ви стои во гардероберот.
Колани
Никогаш нема да имате вишок колани, дури и ако некои модели сега не се популарни.
Ако не се оштетени, немојте да ги фрлате.
Накит
Накитот од злато и сребро и со скапоцени камења можете да го гледате како инвестиција, па без разлика дали сега го носите, не треба да се ослободувате од него.
Кога е во прашање бижутерија, доколку е квалитетно изработена, чувајте ја, без разлика што можеби не се ни сеќавате кога последен пат сте ја носеле.
Спирова С. | Црнобело
