До совршен мејкап во неколку потези

do-sovrsen-makeup-vo-nekolku-potezi-povekjeВреме е на божиќни и новогодишни празници, но и за свечен мејкап. Иако за ваквите пригоди шминката е понагласена од секојдневната треба...


...да се пронајде вистинската граница, без претерување.

Ако сакате да заблескате пред колегите и претпоставените и да оставите добар впечаток испробајте свечен мејкап кој ќе го нагласи вашето лице на вистински начин.

Темната сенка се нанесува на надворешниот, а светлата на внатрешниот де од капакот.

do-sovrsen-makeup-vo-nekolku-potezi-1

Очи

На целиот капак нанесете нежна нијанса сенка во беж или златна боја која може да биде со лесен сјај. Моливчето за очи ненесете го на работ на трепките, а линијата нека биде задебелена кон краевите.

Сенката со смеѓа или бронзена боја нанесете ја на надворешниот агол на капакот па со кратки потези лесно размачкајте го моливчето кое го следи обликот на капакот. Внатрешниот агол треба да остане посветол. За екстра впечаток на крајот со туш задебелете ја линијата на окото покрај работ на трепките.

do-sovrsen-makeup-vo-nekolku-potezi-2

Трепки

Трепките истакнете ги со маскара во два слоја. Првиот од коренот на трепките, а вториот со долги и спори движења од средината кон врвовите.

Ако сакате дополнително да го нагласиме погледот пробајте тоа да го напрвите со вештачки трепки. За да ги наместите правилно, спуштете го погледот, подигнете ја главата и гледајте во огледалото.

Тепките намачкајте ги со лепило само на работ, не и по трепките (послужете се со чепкалка или стапче), нежно наслонете ги на работ од вашите природни трепки и лесно притиснете ги сите делови за да се залепат убаво, почекајте некоја минута да се исуши лепилото.

do-sovrsen-makeup-vo-nekolku-potezi-3

Лице

Базата на добриот мејкап е подлогата односно течната пудра и коректор кој ја покрива неправилноста, подочниците и акните.

Јагодиците нагласете ги со бронзена боја која се нанесува со подебела четка под, а светкавото руменило во прав нанесете го над  јагодицата. Бидете умерени.

Светло розевото руменило нанесете го на самите јагодици и тоа од средината на окото кон увото, така на вашето лице ќе му дадете свежина. Ќе ви помогне и насмевката затоа што така можете да го видите деталниот облик на вашите јагодици.

Со нагласени очи одговара руменило со боја на месо или смирен розев сјај.

Би можело да ве интересира:

Македонски докторки со впечатлив стил – Тие се вистински вљубенички во модата Стоматолози, дерматолози, специјализанти на кардиологија, гинекологија, естетска...
Впечатливи фустани, светки и уникатни шешири - Модата на изборот за Маж на годината 2023 Црни класични фустани, облека со светки, но и шешири во интересни форми избраа г...
Бон-тон правила за носење чанта што треба да ги знае секоја дама Малата чанта не треба да ја држите под рака, а чантата со две пократки прерамки ...
Сите се облекуваме како (лажни) сопруги на мафијаши – Македонките во модниот стил што го освои свето... Кои Македонки први го прифатија Mob Wife трендот на облекување? Сите се сложни д...
Македонка во популарните чевли со одвоен палец, кои станаа хит меѓу модните блогерки Чевлите со одвоен палец се инспирирани од јапонските таби чорапи, па се наречува...
Фустани со џебови - совршен избор за излегување преку ден (фото) Сакате да излезете на брзина од дома, а не знаете што да облечете? Нема ништо по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg