Како да носите реси ова лето (а да не изгледате како во 2016-та)?

Едноделните костими за капење со реси на горниот дел се огромен хит, исто како и балетанките и мокасините со реси кои не се многу нападни.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-01.jpg

Пред околу една деценија, ресите беа најголемиот моден тренд.

Маички, чанти, чизмички, елеци со реси – сигурно сте имале барем едно вакво парче ако сте ги следеле трендовите.

Сега ресите повторно се враќаат на модната сцена, но во малку помодерна варијанта.

И, не мора да се облекувате во бохо стил за да ги вметнете во секојдневните комбинации.

Како да носите реси ова лето, а да не изгледате демоде?

Реси на костими за капење

Ако не ви се ризикува, а сепак сакате да му дадете шанса на трендот, тогаш најбезбедно ви е да пробате со костим за капење со реси.

Сезонава хит се едноделните костими за капење со реси на горниот дел. За посмел изглед, мошне добро изгледаат и костимите со многу долги реси.

Можете да го комплетирате аутфитот за на плажа со широка наметка и минималистички сандали. Избегнувајте впечатливи додатоци бидејќи самите реси се акцент на целиот изглед.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-02.jpg

Чанти со реси

За разлика од порано кога беа хит торбите со реси, сега попопуларни се структурираните чанти со реси.

Ваквите модели може да се комбинираат и со поелегантни парчиња, како костими и фустани.

Притоа, некои модели може да изгледаат добро и со деловни комбинации.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-03.jpg

Накит со реси

Обетките и ланчињата со реси одлично ги надополнуваат минималистичките комбинации.

Но, важно е ресите да не бидат од ткаенина или кончиња бидејќи изгледаат малку застарено.

Наместо тоа, носете модели чии реси се направени од истиот метал како накитот.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-04.jpg

Фустани и здолништа со реси

Ресите изгледаат можеби најдобро на фустан или здолниште, особено за вечерни излегувања, кога планирате да танцувате.

За разлика од претходно, сега ресите е најдобро да бидат на долниот раб на здолништето или фустанот.

Ако сакате нешто посуптилно, тогаш исто добро изгледаат и реси на долниот раб на ракавите.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-05.jpg

Чевли со реси

Чизмичките со реси, и тоа неколку редови, дефинитивно се демоде.

Но, суптилните реси на балетанки, влечки и мокасини изгледаат навистина добро и може да се комбинираат со поелегантни парчиња.

kako-da-nosite-resi-ova-leto-a-da-ne-izgledate-kako-vo-2016-ta-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
5 модели на чанти кои им се омилени на парижанките (а се модерни и кај нас) Eдна од стилските тајни на парижанките е таа што тие не носат тренди чанти, туку...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава