Високи чизми, волнени капчиња - Како соодветно да се грижите за зимската облека и обувки?

Препорачливо е кожените ракавици да ги перете на рака - на сунѓер капнете неколку капки оцет и потоа поминете со него преку ракавиците. Ова ќе ги исчисти, но и ќе ги омекне. Оставете ги во садот со вода преку ноќ, а потоа оставете ги да се исушат природно, на рамна површина, но никако не ги ставајте на радијатор или на сонце.

visoki-chizmi-volneni-kapchinja-kako-soodvetno-da-gi-chuvate-zimskite-obuvki-i-obleka-za-koi-najchesto-se-grizhime-pogreshno-01.jpg

За зимските обувки и облека треба да се грижите подеднакво внимателно, како за сите останати парчиња кои се наоѓаат во вашиот плакар.

Прочитајте ги овие практични совети кои ќе ви помогнат да ја заштитите облеката во текот на зимската сезона, но и откако ќе заврши.

Кожени чизми и чевли

Ако кожените чевли или чизми имаат врвки, отстранете ги пред да почнете да ги чистите. Со мека четка за заби или мека памучна крпа отстранете ги прашината и валканите дамки.

Потоа, поминете ги со крпа натопена во средство за чистење, растворено во млака вода. Исушете ги, а на крајот испрскајте ги со заштитен спреј.

Кожените обувки (а ни облека) никогаш не смеете да ги ставате во пластични ќеси, кои ја уништуваат кожата.

Наместо тоа, кога ќе заврши сезоната ставете ги во картонски кутии и ставете ги на суво место.

visoki-chizmi-volneni-kapchinja-kako-soodvetno-da-gi-chuvate-zimskite-obuvki-i-obleka-za-koi-najchesto-se-grizhime-pogreshno-07_copy.jpg

Волнени џемпери

Волнените парчиња треба да се исперат во машина и тоа на програма за волнена облека, но и со соодветен детергент за „деликатни“ парчиња.

Притоа, во машината е препорачливо да ставите само волнена облека.

Доколку на самото парче е нагласено дека треба да се пере рачно, тогаш е најдобро да го потопите во топла или млака вода и да додадете детергент. Оставете го да отстои 3 до 5 минути.

Сушете го џемперот легнат на хоризонтална површина, бидејќи ако го ставите на закачалка или на жица за сушење и го закачите со штипки, најверојатно ќе се растегне и ќе ја изгуби првичната форма.

visoki-chizmi-volneni-kapchinja-kako-soodvetno-da-gi-chuvate-zimskite-obuvki-i-obleka-za-koi-najchesto-se-grizhime-pogreshno-02.jpg

Зимски капи

Пред да почнете да ги перете плетените капи, прочитајте што пишува на етикетата.

Волнената капа можете да ја исперете рачно во студена вода, бидејќи во спротивно материјалот може да се смали, а бојата да избледи.

Доколку капата е синтетичка, можете да ја исперете во машина.

Најдобриот начин да ја исушите е да ја „легнете“ врз сув пешкир.

visoki-chizmi-volneni-kapchinja-kako-soodvetno-da-gi-chuvate-zimskite-obuvki-i-obleka-za-koi-najchesto-se-grizhime-pogreshno-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ракавици „без прсти“ и уште 8 работи кои беа гламурозни во 2000-тите (а денес изгледаат смешно) Гледајќи како се облекувале ѕвездите, но и обичните луѓе пред околу четврт век, ...
Вирална кошула од ZARA која сите ја имаат сезонава – совршена за на работа (фото) Кошулата со сини и црвени пруги и голема панделка околу вратот изгледа како сите...
Папучи со широки ремчиња наместо апостолки, блузи со голо рамо - Како да бидете шик ова лето? Оваа сезона, постојат работи кои навистина ќе мора да останат во вашиот плакар и...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн За парчиња со принт, обрнете внимание на шевовите, а секогаш е подобро да купува...

Најчитани неделава