Украсете го домот во сино

ukrasete-go-domot-vo-sino-povekjeСè уште не е доцна да донесете одлука која боја ќе преовладува во вашиот амбиент за време на празниците. Би сакеле тоа да биде малку...


...поинакво од другите. Бело-сината комбинација е многу актуелна.

Користете ги сите нијанси на сина боја, почнувајќи од тиркизната па до темната кралска нијанса.

ukrasete-go-domot-vo-sino-1

Колачи
Испечете колачи во облик на ѕвезди и посипете ги со син кристал шеќер. Убаво ќе сјаат поставени на стаклена чинија и ќе мамат на уживање и дружење.

Празнична трпеза
Можете да се одлучите за темно сина прекривка со декоративни, миризливи свеќи во истата боја, или пак за промена употребете бела прекривка за маса на која сините детали во вид на машни и ленти совршено ќе изгледаат. Украсете се со сини топчиња со штрас и ќе бидете оригинални.

ukrasete-go-domot-vo-sino-2

Подароци
Спакувајте ги во украсна сјајна хартија во сина нијанса и со некое зелено гранче поставете ги на чинијата. Како детал ќе изгледаат многу примамвливо. Или, доколку немате хартија во боја, подарокот совршено ќе изгледа спакуван и во бела боја со сина панделка. Мислиме дека сите ќе останат без текст, нека е и ситница ќе има голем ефект.

Чаши
Секако многу важен детал. Доколку немате кристални можат да бидат и обични, но поставете ги симетрично, или во нив ставете салфети, а може и некоја порака.

Уживајте и пуштете ја фантазијата да работи!

Би можело да ве интересира:

Модата на Златна Бубамара 2026 - Кристина Димитри со шлиц кој не се одминува, Владо Јаневски е поим ... Иво Јанковски и Ирена Спировска модно издоминираа во публиката, но кој остави на...
За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно? Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не н...
Модни парчиња што ќе доминираат до крајот на зимата (а се носат и во рана пролет) Панталоните со висок струк кои веќе се класика, но и едноставниот плетен фустан ...
Зебра принтот е новиот фаворит на инфлуенсерките – како да го вметнете во зимските комбинации? (фото... Изгледа впечатливо, но не е премногу нападен, па тешко е да направите грешка и д...
Синди Крафорд и ќерка ѝ гламурозни, Деми Мур во проѕирен фустан – Гала вечер со највпечатливи креаци... Каја Гербер повторно покажа дека е убавица на мајка ѝ и двете зрачеа, Деми Мур н...
4 скапи комбинации на бои – како да ги вметнете во вашиот летен стајлинг? Ако сакате да изгледате богато, луксузно, елегантно и со стил, дури и во лето и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg