За најхрабрите: Како да носите високи чорапи (со жартиери), а да не изгледате вулгарно?
Ако сте храбри или ако сакате да експериментирате со стилот, тогаш зошто да не направите некоја модна комбинација со високи чорапи?

Високите чорапи не се парче облека кое секоја жена би се осмелила да го носи јавно. Особено ако се секси и се носат со жартиери.
Но стилистите имаат начин како оние кои сакаат високи чорапи (што се носат со или без жартиери) можат да ги комбинираат со својата гардероба, а притоа да не изгледаат вулгарно.
Како да носите високи чорапи, кои според стилистите ќе бидат вистински моден погодок во 2026-та?
Црни проѕирни чорапи со жартиери
Ако ги носите со здолниште со шлиц, оваа комбинација ќе биде и секси и елегантна истовремено, а е одлична за љубовен состанок.

Бели проѕирни чорапи (со жартиери)
Се комбинираат совршено со бела облека, а може да ги носите и со рамни чевли, не само со високи потпетици.
За ваков изглед може да се решите дури и ако одите на дневно излегување.

Црвени проѕирни чорапи (без жартиери)
Иако на прва може да ви делува вулгарно, доволно е да ги комбинирате со патики и тексас и така ќе делувате спортски, а не заводливо.

Кафеави дебели чорапи (со или без жартиери)
Бидејќи се дебели и не се проѕирни, овие чорапи не изгледаат ни малку вулгарно.
Може да се комбинираат со плетен фустан во истата боја, а обувките може да бидат рамни или на висока потпетица, по ваш избор.

Сиви дебели чорапи (без жартиери)
На овие чорапи додадете рамни чевли, сиво палто, кратко здолниште и ќе добиете комбинација на опуштен и спортски изглед.

А. Ј. | Црнобело
