По белите, маичките во (впечатливи) бои се новиот летен тренд – Како да ги комбинирате? (фото)
Маичките лесно се комбинираат со лежерни парчиња како бермуди и здолништа, а оние во повпечатливи нијанси изгледаат одлично на исончана кожа.

Белата маичка е класика што никогаш не излегува од мода. Беше особено популарна изминативе неколку сезони, а доминира и годинава.
Но, ова лето се појавува и нов тренд – маички во боја, особено повпечатлива нијанса.
Сепак, летото е сезона кога сакаме да си играме со боите, па овој тренд е идеален.
Маичките лесно се комбинираат со лежерни парчиња, а повпечатливите нијанси изгледаат одлично на исончана кожа.
Доста популарни се сините и црвените нијанси, но исто добро изгледаат и жолти, и виолетови, и зелени.
Изгледаат добро со бермуди, со кратки и долги фармерки, со здолништа, со ленени панталони, што значи многу лесно можете да ги вметнете во секоја летна комбинација.
Неколку фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело