5 бои кои ќе доминираат во 2026-та (и 5 кои ќе ги гледаме поретко на модната сцена)

Топлите кафеави нијанси ја заменуваат студената сива, додека пастелната розова е новиот хит и го зазема местото на пудра розовата.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-01.jpg

Кога е во прашање бојата на облеката, секој треба да носи она што смета дека му стои добро и она што прави да се чувствува убаво и удобно.

Но, ако сакате да сте во тренд, веројатно ве интересира кои нијанси ќе доминираат, а кои ќе ги гледаме поретко годинава.

Какви се прогнозите на модните експерти?

Впечатливи нијанси наместо бордо

Бордо бојата ја одбележа 2025-та, но годинава во фокус доаѓаат повпечатливи нијанси, како црвена, магента и темнозелена кои се подлабоки и побогати.

Овие нијанси привлекуваат внимание, но не се премногу дречливи и делуваат пријатно.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-02.jpg

Топли кафеави нијанси наместо сива

Годинава ќе ја гледаме кафеавата во сита варијации – од чоколадни тонови, до светли нијанси.

Студената сива, од друга страна, постепено ја губи популарноста.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-03.jpg

Пастелна розова наместо пудра розова

Пудра розовата нијанса делува суптилно, но не толку придушено како пастелната.

Во 2026-та популарен е свежиот, модерен изглед, па предност има пастелно розовата која носи повеќе топлина и светлина.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-04.jpg

Портокалова наместо корално црвена

Иако корално црвената е позната по својата живост, годинава поголем хит ќе биде длабоката портокалова боја.

Модните експерти предвидуваат дека портокаловата ќе биде еден од најголемите трендови за 2026-та.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-05.jpg

Сина наместо виолетова

Иако го имаше својот момент, виолетовите нијанси им го отстапуваат местото на сините.

Од нежни небесни тонови, до темни, интензивни нијанси, сината боја ќе биде сеприсутна годинава.

5-boi-koi-kje-dominiraat-vo-2026-ta-i-5-koi-kje-gi-gledame-poretko-na-modnata-scena-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Шест бои што ќе бидат хит за зимските комбинации (и една што излегува од мода) Сите нијанси на кафена, но и зелена како лимета – шест бои што ќе ги гледаме нас...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg