Омилените модни парчиња на Скандинавките за студените месеци
Бомбер јакните се идеални за есен, додека дебелото сако со широк крој може да ви замени палто кога не е многу студено.

Таканаречената скандинавска мода се одликува со минимализам, но и удобност.
Скандинавките сакаат да изгледаат добро, но исто важно им е и да се чувствуваат удобно, особено кога надвор е студено.
Кои се нивните омилени парчиња за есен и зима?
Бомбер јакна
Бомбер јакните се идеални за лежерните есенски комбинации – ќе ве стоплат, а многу лесно можете да ги комбинирате со сè.

Тесна ролка
Тесните ролки од потенок материјал се совршени за слоевити комбинации во студените месеци.
Изгледаат мошне добро со сако, а кога е постудено можете да ги комбинирате и со кардиган.

Кожени панталони
Кожните панталони, особено пошироките модели, изгледаат софистицирано и елегантно.
Можете да ги комбинирате со ролки, џемпери, сакоа, кошули…

Дебело сако со широк крој
Ако не сакате струкирани сакоа, тогаш моделите со широк крој можат да изгледаат мошне добро со деловните и поелегантните комбинации.
Дебелите модели можат да ви заменат и палто кога не е многу студено.

Мек кардиган
Кардиганите се вистински хит оваа сезона и изгледаат добро со сите парчиња што веќе ги спомнавме.
Можете да ги носите со фармерки, но и со кожени или сатенски панталони, како и со здолништа за поелегантни комбинации.

Плетено здолниште
Плетените здолништа се одлично освежување за комбинациите за постудените месеци, а изгледаат добро и со полежерни, и со поелегантни комбинации.

Спирова С. | Црнобело
