Што облекоа посетителите на последната вечер на Скопски моден фестивал 2024? (фото)
Стефан и Марта Лазарови, Светлана и Мики Црнокрак, Јелена Спенџарска, Марјана Станојковска, дизајнерката Ива Спасовска - бројни познати личности можеа да се видат на последниот ден на модниот фестивал. Што облекоа посетителите на четвртата вечер на Скопски Моден Фестивал?
Ревијата на Sara Fashion беше шлаг на тортата на четвртата и последна вечер на Скопски моден фестивал (Skopje Fashion Festival).
Публиката имаше можност да ја проследи ревијата во која беа прикажани голем број костими за капење и долна облека.
Како што можеше да се забележи, некои од присутните во публиката за вечерта избраа посмели креации, а други се појавија во посигурна и класична варијанта.