Тејлор Свифт во новиот спот носи фустан од Македонец – Белата венчаница е дело на Тони Матичевски

Со помош на креацијата на нашиот Тони Матичевски и шминката, Тејлор Свифт во најновиот спот ѝ оддаде почит на една од иконите на немите филмови. Погледнете ја креацијата на македонскиот дизајнер што пејачката ја носи во новиот спот.

tejlor-svift-vo-noviot-spot-nosi-fustan-od-makedonec-belata-venchanica-vo-noviot-spot-e-delo-na-toni-matichevski-01.jpg

Во петокот (19.04) светски познатата пејачка Тејлор Свифт го објави нејзиниот нов албум насловен The Tortured Poets Department, кој веднаш стана хит.

Таа истиот ден го објави и видеоспотот за првата песна од албумот, насловена Forthnight, за која се верува дека е осврт на петгодишната врска со британскиот актер Џо Алвин, со кого раскина минатата година.

tejlor-svift-vo-noviot-spot-nosi-fustan-od-makedonec-belata-venchanica-vo-noviot-spot-e-delo-na-toni-matichevski-03.jpg

Освен со стиховите на песната, Тејлор привлече внимание и со креациите што ги носи на себе, а потсетуваат на викторијанската ера.

tejlor-svift-vo-noviot-spot-nosi-fustan-od-makedonec-belata-venchanica-vo-noviot-spot-e-delo-na-toni-matichevski-06.jpg

Освен црниот „фустан за жалење“, Тејлор на себе носи и бел фустан што потсетува на венчаница, а која е дело на Македонецот Тони Матичевски.

„Го поздравувам излегувањето на албумот Tortured Poets Deparment.

Првата песна Fortnight на неверојатната Тејлор Свифт e исклучително музичко, светско дело и вредеше да се биде дел од него.

Ви благодарам на сите што ме вклучивте“ – напиша тој до фотките од фустанот.

Инаку се верува дека со овој стајлинг Тејлор ѝ оддава почит на ѕвездата на немите филмови од 20-тите години Клара Боу (со тенките веѓи, зачадената шминка на очите и смелиот кармин).

tejlor-svift-vo-noviot-spot-nosi-fustan-od-makedonec-belata-venchanica-vo-noviot-spot-e-delo-na-toni-matichevski-08.jpg

Се верува дека на овој начин Тејлор сакала да им оддаде почит на сите уметници од минатото кои биле мошне популарни, но постојано биле застапени во таблоидите заради нивното потекло или романтичните врски – нешто што на Тејлор ѝ е добро познато.

tejlor-svift-vo-noviot-spot-nosi-fustan-od-makedonec-belata-venchanica-vo-noviot-spot-e-delo-na-toni-matichevski-10.jpgАктерката Клара Боу

Инаку, дизајнерот Тони Матичевски е роден во Австралија, а има македонско потекло. Тој со години соработува со светските ѕвезди.

Досега негови креации носеле Ева Лонгорија, Кетрин Зита Џонс, Кара Делевињ…

Погледнете го во продолжение спотот на најновата песна на Тејлор:

Прочитајте и Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Антониа Гиговска, Теодора Џехверовиќ и Сара Јо со трендот за коса кој е хит летово - На која ѝ стои ... На еден од најголемите летни трендови за коса ова лето не останаа имуни ни пејач...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Здолниште со плетен џемпер и уште 20 идеи за модни комбинации оваа есен (фото) Што да облечете за да бидете во тренд овој месец (но и до крајот на годината)? П...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...

Најчитани неделава