Машката мода на Мет гала 2024: Од впечатливи фустани и уникатни креации до класични костуми (фото)
Формула 1 возачот, Луис Хамилтон облече плашт над костумот, евровизискиот победник Дамијано Давид избра проѕирни панталони и палто под кои се гледаа неговите тетоважи, а актерот Бери Киган носеше костум од кадифе со голема шапка, во стилот на Вили Вонка.
Мет гала, најгламурозниот моден настан во годината, освен што ги предизвикува жените да се појават во впечатливи модни креации, оваа година инспирираше и многу мажи да заборават на класичните костуми и да облечат уникатни парчиња за да ја доловат темата „Градина на времето“ на најсоодветен начин.
Од фустани со цветови, преку костуми со везови, до големи брошови, впечатливи чевли, интересни палта, проѕирни панталони, кул шапки...
Машката мода на бело-зелениот тепих на Мет гала 2024 навистина беше за пофалба, а мажите воопшто не беа во сенка на креациите на жените.
Секако, имаше и такви кои избраа „сигурна“ опција, па облекоа елегантни смокинзи, но и тие изгледаа убаво и одмерено. За класични костуми претежно се решија мажите кои на Мет Гала дојдоа во пар со своите сакани.
Со својот изглед изненади оскаровецот Еди Редмејн, кој носеше ист црно-бел фустан како сопругата, но и Сем Смит, кој за оваа пригода избра црн костум со сребрена украсна „игла“ во вид на роза и тул врз панталоните.
Погледнете некои од највпечатливите машки изданија на Мет Гала 2024:
Прочитајте и Девојката со победнички фустан на Мет гала 2024 – направен е од песок, ја носат на раце по скали (фото)
А. Ј. | Црнобело