Стилот на доделувањето на SAG
На црвениот тепих на Screen Actors Guild Awards имаше интересни изненадувања и храбри модни одлуки. Меѓу многуте здодевни црни тоалети, сепак...
...како ѕвезда на вечерта несомнено блесна белиот фустан.
Слатката Ема Стоун во црно коктел фустанче на Sarah Burton за Alexander McQueen, дополнето со плик ташна со драматични златни детали
|
Амбер Херд и Џејн Краковски си поиграа на тема класичен црн фустан
|
-->
-->
|
Мишел Вилијамс во црвен асиметричен фустан на Валентино
|
Емили Блант во зелен Oscar de la Renta фустан со висок шлиц
![]() |
|
Во бело: Кели Озборн во изненадувачки елегантно издание и прекрасната Лена Хиди од „Игра на тронови“
![]() |
|
Роуз Брн во необичен комбинезон од Elie Saab
-->
|
|
Зое Салдана не дозволува да се претопи во толпата. Уникатниот елегантен модел е симнат директно од пистата на Givenchy Couture.
|
Кристен Виг и Тилда Свинтон се појавија во долги фустани во валкано бела боја. Свинтон особено изненади што наместо ексцентричен модел ја избра оваа класична тоалета на Lanvin
![]() |
|
Леа Мишел ги покажа нозете во ледено сивиот модел на Atelier Versace
|
|
Софија Вергара во дизајнот на Marchesa повторно измами воздишки
![]() |
Marchesa беше главен избор на ова доделување на SAG. И со право! Зарем Вајола Дејвис не изгледа беспрекорно добро?
|
|
Најпривлечната двојка на вечерта: Џорџ Клуни и неговата девојка Стејси која избра црн Marchesa фустан со чипка
|
|
Според нас апел за помош на вечерта беше Анџелина. Знаеме дека Џоли нема многу време за себе, но искрено се надеваме дека наскоро ќе почне редовно да јаде.
|
|
Би можело да ве интересира:





