Вешто прикријте го вишокот на килограми

vesto-prikrijte-go-visokot-na-kilogrami-povekjeНеколку килограми повеќе лесно можете да ги сокриете со гардеробата. Додека диетата, вежбите или нешто трето не покаже резултати, паметно...


...поиграјте си со парчињата облека. Ви откриваме како.

Хоризонталните пруги прошируваат, а вертикалните стеснуваат.

Обетките, синџирчињата, исто така може да послужат вниманието да биде насочено кон лицето, вратот и рацете, а помал акцент да биде ставен на критичните места.


Премала облека

vesto-prikrijte-go-visokot-na-kilogrami

Облеката во вистинска, соодветна големина има поголем ефект на стеснување. Ако сте подложни кон варирање во тежината, во плакарот мора да имате и неколку парчиња гардероба со поголема величина. Ако со сила облекувате мали работи ќе изгледате подебели, бидејќи од секаде ќе „претекува“.


Точки, сјајни материјали

Големи принтови и апликации визуелно ќе ве прават покрупни. Избегнувајте и набрани и сјајни материјали.


Вреќасто

Во преголема облека и вие ќе изгледате поголеми. Подобра идеа е да имате добро скроени пантолани од благо растеглив материјал.


Сако

Добро скроено и струкирано сако ќе ги сокрие вашите недостатоци. Избегнувајте спортски јакни и широки модели.


Деколтеа

Одберете V деколте ако имате пополно лице, така и струкот ќе ви делува потенко, а  рамениците пошироки. Отворот како „кајче“ е идеален за оние што имаат потесен горен дел од телото.


Крената коса

Добро скроени пантолани може да сокријат поголеми колкови, а ракавите – подебели раце. А како да се сокријат килограмите на лицето? Подигнете ја косата, тоа подмладува и го стеснува лицето.


Палта

Долга јакна до под колкови го издолжува торзото и го камуфлира кризното подрачје.


Пантолoни

Бирајте модели со рамни ногавици. Избегнувајте тесни модели, бидејќи тие ги нагласуваат колковите, како и кроеви со широки ногавици. Најдобар избор се оние со рамен крој или уште подобро "bootcut". Исто така при купување не бирајте модели со џебови на преклоп или со мали џебови на задникот.


Здолниште кое стеснува

Тесното здолниште, познато и како "pencil", ги нагласува позитивните работи кај женската фигура – таа привидно стеснува и издолжува. Избегнувајте должини до средина на листовите – така негативно ќе ги истакнете нозете. Подобро е да се одлучите за варијанта до колена или неколку сантиметри над колената.

Би можело да ве интересира:

Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите? Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
8 модели на панталони кои се тренд и ќе ги засенат фармерките во 2025-та Широки palazzo панталони кои делуваат како долго здолниште, кожени панталони, ши...
Предлог зимски комбинации: Модели на капути и јакни кои изгледаат одлично со фармерки Елегантната бунда од лажно крзно можете да ја носите со пошироки фармерки и чизм...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg