Предлог зимски комбинации: Модели на капути и јакни кои изгледаат одлично со фармерки
Елегантната бунда од лажно крзно можете да ја носите со пошироки фармерки и чизми, додека „теди“ капутот е идеален за полежерни комбинации со широки фармерки.

Фармерките несомнено се најпопуларното парче облека, а можеме да ги носиме во секоја сезона.
Во зависност од моделот, можете да ги комбинирате со скоро секакви палта и јакни, и за лежерни и за поелегантните зимски комбинации.
Неколку идеи како да комбинирате фармерки и палто оваа зима:
Фармерки + широка полнета јакна
Широките полнети јакни изгледаат одлично со фармерки со рамен крој.
Комбинацијата можете да ја комплетирате со патики или, ако е постудено, со UGG чизмички.
Фармерки + кожена јакна со крзно
За поелегантен изглед, можете да ги комбинирате фармерките со кожена јакна со крзно.
Изгледа одлично со фармерки со ѕвонести ногавици, во комбинација со елегантни чизми.
Фармерки + „теди“ капут
Крзнените капути познати како „теди“, изгледаат совршено со фармерки. Бидејќи овие капути се пошироки, слободно можете да ги носите со дебели џемпери.
Комплетирајте ја комбинацијата со UGG чизми или некој сличен модел
Фармерки + бунда
Бундите од вештачко крзно се хит и годинава, а можете да ги носите и со фармерки.
Потесните модели комбинирајте ги со потесни фармерки, додека пошироките изгледаат добро и со фармерки со рамен крој.
Фармерки + долга јакна
Долгите јакни изгледаат најдобро со широки фармерки.
Идеално е да ги комбинирате со полежерни чизми, како гумени или UGG.
За поелегантна комбинација, можете да облечете тесни фармерки и чизмички до глужд.
Фармерки + кратка полнета јакна
Широките фармерки изгледаат добро и со кратки полнети јакни.
Бидејќи комбинацијата полежерна, ќе изгледа одлично со патики, ако не е многу студено.
Спирова С. | Црнобело
