Флис дуксер се продава по 860 евра – Зошто тинејџерите „полудеа“ по него и дали вреди?

Изработен е од чиста волна, а кројот совршено „легнува“ на тело. Зошто тинејџерите во САД полудеа по дуксер кој чини колку половен автомобил?

flis-dukser-se-prodava-po-860-evra-zoshto-tinejdjerite-poludea-po-nego-i-kako-stana-vistinski-trend-01.jpg

Флис дуксерот е омилено комотно парче облека за студените зимски денови, но се чини дека и тој добива своја луксузна верзија.

Оваа верзија за брзо стана тренд кај младите и инфлуенсерите во светот, кои не жалат што треба да платат колку за половен автомобил за да го добијат дуксерот изработен од австриска волна.

flis-dukser-se-prodava-po-860-evra-zoshto-tinejdjerite-poludea-po-nego-i-kako-stana-vistinski-trend-02.jpg

На прв поглед, дуксерот на францускиот бренд Rier воопшто не се разликува од сличните дуксери кои се продаваат по значително пониски цени, но според оние што го пробале, разликата веднаш е видлива.

Новинарот Џона Вајнер во статија за New York Times вели дека „паричникот му плачел“ кога платил 860 евра за дуксерот во жолта боја, но потоа сфатил дека навистина вреди да се дадат толку пари за него.

„Она по што овој дуксер се разликува од другите е кројот!“ – вели тој.

flis-dukser-se-prodava-po-860-evra-zoshto-tinejdjerite-poludea-po-nego-i-kako-stana-vistinski-trend-03.jpg

Додава дека за првпат во животот му се случило флис дуксерот совршено да „легне“ на неговото тело и да ја следи линијата, притоа да не изгледа како да носи вреќа на себе.

Дополнително, на младата генерација ѝ се допаѓа тоа што дуксерот е изработен од 100% австриска волна, без додатоци на полиестер и други вештачки материјали, па со тоа е природен и не ја загадува околината.

Доказ дека овој дуксер е мегапопуларен е и тоа што досега рекордно бил распродаден во голем број продавници во САД и Канада, а се очекува за брзо време да ја освои и Европа.

flis-dukser-se-prodava-po-860-evra-zoshto-tinejdjerite-poludea-po-nego-i-kako-stana-vistinski-trend-04.JPG

Од објавите на Инстаграм може да се забележи дека модните инфлуенсери не го носат овој дуксер само во спортските комбинации, туку го комбинираат и со кошули и класични панталони, или со фармерки.

Би дале ли вие 860 евра за дуксер?

Погледнете неколку фотки од инфлуенсерите што се пофалиле дека си го купиле:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марго Роби го износи најсмелиот фустан на црвениот тепих - илузија на голо тело со видлива танга и К... На премиерата во Лондон, Марго дојде со својот филмски партнер, Колин Фарел - до...
Ирена Спировска во елегантна тоалета, Благица Павловска во светкав фустан - Што носеа учесниците на ... Водителката Ирена Спировска носеше долга тоалета во боја на лаванда, додека Мари...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото) Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
Чанта од 20.000€, скапи дизајнерски парчиња - Колку чини облеката што ја носи Александра Пријовиќ? Гардеробата на Пријовиќ привлекува толкаво внимание, што на Инстаграм постои и п...
Какви фармерки да одберете според формата на телото за да не се разочарате, според стилистите? Понекогаш гледате фармерки во излог на продавница, или ги носи некоја пријателка...
Седум тренди зимски комбинации со сатенско здолниште (фото) Со мек џемпер, со широк дуксер или, пак, со тесна ролка – со што сè можете да го...

Најчитани неделава