Какви фармерки да одберете според формата на телото за да не се разочарате, според стилистите?

Понекогаш гледате фармерки во излог на продавница, или ги носи некоја пријателка и ги сакате истите, но кога ќе ги пробате се разочарувате затоа што не ви стојат исто. Па, какви фармерки ви одговараат најмногу?

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-01.jpg

Причината за ова, според стилистите, е формата на вашето тело. Токму поради тоа едни фармерки им прилегаат одлично на некои жени, а воопшто не им одговараат на други.

Затоа, следниот пат пред да тргнете во потрага по идеалниот пар фармерки, барајте модели кои ви одговараат најмногу според формата на телото.

А стилистите ги откриваат деталите:

Тело во форма на крушка

Оваа форма на телото се нарекува и триаголник: долниот дел од телото е обично поширок од горниот дел на телото.

Затоа целта при изборот на фармерки е визуелно да се избалансираат пропорциите.

Барајте фармерки со висок струк со кои полесно ќе го префрлите акцентот од долниот на горниот дел од телото.

Моделите со широки ногавици (може да се и стреч-фармерки) изгледаат добро.

Размислете за темни фармерки кои визуелно ќе ви ги ослабат колковите и нозете за разлика од светлите нијанси кои визуелно додаваат волумен.

Избегнувајте искинати фармерки, излитени рабови или украси околу колковите - тие привлекуваат непотребно внимание на овој дел од телото.

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-04.jpg

Тело во форма на песочен часовник

Иако на прв поглед ова е најпропорционална фигура, во реалноста, жените честопати се соочуваат со проблем - фармерките им се или широки во струкот, а точни кај колковите, или точни кај струкот, но премногу тесни во колковите.

Сепак, при изборот на фармерки, важно е секогаш да се нагласи струкот.

Фармерките со низок струк визуелно го издолжуваат горниот дел од телото, но ги скратуваат нозете.

Побарајте дизајни на кои пишува дека имаат „намален струк“ - тие се дизајнирани специјално за девојки со изразени колкови.

Или, изберете модели со ластик во себе, кои се лесно растегливи, се шират и убаво се вклопуваат на оваа форма на тело.

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-06.jpg

Уште три на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
8 модели на панталони кои се тренд и ќе ги засенат фармерките во 2025-та Широки palazzo панталони кои делуваат како долго здолниште, кожени панталони, ши...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава