Какви фармерки да одберете според формата на телото за да не се разочарате, според стилистите?

Тело во форма на јаболко

При избор на фармерки за овој тип на тело, акцентот треба да се стави на нозете, бидејќи тоа се луѓе со тенки нозе, а покрупно торзо.

Затоа, експертите сметаат дека нозете треба да бидат нагласени со еластични, тесни фармерки до глуждот.

Тие треба да се високи до средината на половината за да се избегне непотребно акцентирање во пределот на стомакот.

Треба да се избегнуваат и фармерки кои имаат декоративни елементи на половината, како и модели со нагласени копчиња.

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-05.jpg

Тело во форма на линијар

Фармерките што го истакнуваат вашиот струк и создаваат илузија на дефинирани облини се најдобар избор за девојките кои имаат тело во форма на линијар.

Изберете модели со широки ногавици или boyfriend style (стил на момче).

Не бирајте многу широки модели, зашто тоа може да ги нарушат пропорциите на телото, па да делувате слабо кај торзото, а и визуелно дебело кај нозете.

Оптимален избор се фармерки со среден и висок струк.

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-02.jpg

Тело во форма на јагода

Ако имате тело во форма на јагода (обратен триаголник), изберете фармерки што додаваат волумен на долниот дел од телото и помагаат да се балансираат широките рамена и полните гради.

Фармерките со широки ногавици или ѕвонарки се одлична опција, исто како и модели со рамни ногавици.

Дајте им предност на светлите нијанси - тие визуелно додаваат волумен и ги балансираат пропорциите на нозете и торзото.

Вам ви одговараат и модели со големи џебови и декоративни елементи во пределот на колковите - тие помагаат да се создаде рамнотежа на телото.

kakvi-farmerki-da-odberete-spored-formata-na-teloto-za-da-ne-se-razocharate-spored-stilistite-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg