12 пати кога чевлите на познатите привлекоа поголемо внимание од нивната облека (фото)
Прстени како украс за сандалите, мамузи на чизмите, ангелски крилја на салонките... Некои чевли се толку необични, што не можете да престанете да гледате во нив.

Кога познатите дами ќе направат необичен избор на чевлите за на црвениот тепих, обично тие привлекуваат повеќе внимание од облеката и внимателно избраниот накит.
Ова се 12 докази дека чевлите понекогаш се позабележливи од облеката:
Иако делува дека Џенифер Лопез носи обични чизми на премиерата на филмот Unstoppable, тие сепак имаа потпетица во вид на метално топче и каивчиња на задниот дел

Бијонсе го дополни својот ултра краток фустан со чизми над колена, кои имаа впечатливи мамузи

Сандалите на Емили Блант изгледаат едноставно, но ако погледнете убаво, ќе видите дека се украсени со златни ангелски крилја

Кејт Бекинсејл носеше розови чевли на огромна платформа на забава на магазинот Variety

Чизмите на Сабрина Дауар ќе беа обични, доколку потпетицата не им беше извиткана

Гвен Стефани носеше бели чизми на забавата на iHeart Radio, а потпетиците на тие чизмите беа украсени со сребрен прстен

Чизмите на Зои Салдана го истакнаа нејзиниот педикир и црните мрежести чорапи

Шарлиз Терон носи црни салонки со „златна клучалка“ кај прстите

Актерката Џои Кинг го искомбинира сребрениот фустан со интересни сребрени салонки со необична потпетица

Лејди Гага ретко носи здодевни обувки, па така и овие црни чизми со огромна платформа се впечатливи и во нејзин стил

Кајли Џенер избра проѕирни сандали со платформа, кои ги украси со бисерни прстени на нозете

Ен Хатавеј неодамна се појави на настан во бел тесен фустан и крем сандали со ремчиња, кои беа половина проѕирни, а половина во крем боја

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025
Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото)
Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026
Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026
Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите)
Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото)
Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги.
...