Модели на чевли што ќе ги гледаме насекаде во 2025-та (фото)

Гумени чизми за врнежливи денови и „Мери Џејн“ чевли кои ќе доминираат оваа пролет.

modeli-na-chevli-shto-kje-gi-gledame-nasekade-vo-2025-ta-foto-01.jpg

Ако размислувате да го обновите гардероберот со пар нови чевли, веројатно ве интересира што е тренди.

Од чизми за зимските денови, до пролетни модели, погледнете кои чевли ќе ги гледаме насекаде во 2025-та:

Ретро патики

Ретро моделите како Adidas Samba или Puma Palermo доминираат веќе неколку сезони, а ќе продолжат да бидат хит и во текот на 2025-та.

Удобни се и идеални за лежерни аутфити бидејќи лесно се комбинираат.

modeli-na-chevli-shto-kje-gi-gledame-nasekade-vo-2025-ta-foto-02.jpg

Кломпи

Извесен период ги избегнувавме, но периодов и кломпите повторно се враќаат во мода.

Во потоплите денови, најпопуларни ќе бидат бохо моделите со потпетица, кои делуваат по малку ретро.

Мошне добро изгледаат со фармерки, но и со лелеави фустани.

modeli-na-chevli-shto-kje-gi-gledame-nasekade-vo-2025-ta-foto-03.jpg

Едноставни мокасини

Мокасините се модел кој не излегува од мода, па ако планирате да дадете повеќе пари за чевли, вреди да вложите во нив.

Најпопуларни се едноставните модели, во една боја, кои можат да се вметнат во деловни и минималистички комбинации.

modeli-na-chevli-shto-kje-gi-gledame-nasekade-vo-2025-ta-foto-04.jpg

Чевли со полна пета

Полната пета беше хит, па исчезна, па повторно беше хит…

Еспадрилите со полна пета повторно ќе бидат актуелни, но ќе се носат и влечки и кломпи со полна пета.

modeli-na-chevli-shto-kje-gi-gledame-nasekade-vo-2025-ta-foto-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg