Моден водич за жени: 9 правила за стилско комбинирање на патики
Не мора да ги криете чорапите ако знаете да ги искомбинирате, со кратки фустанчиња не се носат спортски патики, на широки фармерки одговараат гломазни патики - како стилски да ги искомбинирате патиките?

Вистина е дека патиките се хит и веќе е сосема нормално да се комбинираат во секакви стајлинзи за секакви пригоди.
Но сепак, треба да се држите до некои основни правила за да изгледате добро и стилски, а не промашено.
Неколку правила за стилско комбинирање на патики:
Вечерни и долги фустани не одговараат со спортски патики

Не мора да ги криете чорапите ако знаете да ги искомбинирате со патиките и стајлингот

Додадете некое модно парче или накит во здодевната комбинација од патики + шорцеви и маица

Деловни панталони и одела се носат со поедноставни патики, не со гломазни

Кратки фустани и здолништа одговараат со едноставни, ниски и поформални патики наместо спортски

Патиките над глужд не се носат со пократки модели на панталони – ја кратат фигурата

Гломазни модели на патики одговараат повеќе со широки фармерки отколку со тесни (ако се одбере соодветен горен дел за да не ве шири)

Макси фустаните и здолништа со шлиц одговараат со едноставни бели (тенис) патики

Не претерувајте со изгледот – шарени аутфити одговараат со едноставни патики, а еднобојна облека може да се размрда со кул и впечатливи патики

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации
Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото)
Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026?
На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото)
Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките?
Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на...
