Девојче (10) од Скопје е мала модна инфлуенсерка, а секој роденден има тематски аутфит - изработен од тетка ѝ
Родендените на Галена се посебна приказна.
Најчесто тоа оди по следниот редослед: Галена изјавува желба што би сакала да биде (иако морам да потенцирам дека е премногу скромно дете, повеќе и од што треба да биде) и како да го прослави роденденот и во тој момент започнуваат подготовките за истиот.
Набавување на реквизити за конкретната тема (понекогаш и цели парчиња мебел) задолжително изработување на фустан, изработување на цела сценографија и на денот на роденденот, се разбира, забава и задолжителна фотосесија.
Галена има прекрасна мала, но квалитетна Инстаграм заедница, која ја прати во чекор и сме пресреќни за тоа што целта се постигнува со секој пост, а тоа е естетско будење и инспирација за многу други малечки инфлуенсери“.
Повеќе фотографии од Галена:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





