7 корисни совети како да изберете удобни чевли за секој ден

Пробувајте чевли додека стоите, а не кога седите; користете ортопедски влошки за патиките за трчање - ова се само некои од најкорисните совети кои треба да ги имате предвид при купување нови обувки.

7-korisni-soveti-kako-da-izberete-udobni-chevli-za-sekoj-den-01.jpg

Удобните чевли секогаш се битни, без оглед дали треба да пешачите, да стоите на нозе по цел ден или само да си ги облечете чевлите и да излезете од дома.

Но, ако чувствувате болка, ако ви се појавуваат плускавци, ако чевлите ви се тесни, подобро е да ги фрлите и да ги замените со удобни обувки.

Честопати, обувките кои однадвор изгледаат удобно, на нога и не се толку „згодни“ за носење.

Запомнете, чевлите не се избираат секогаш по големината, туку треба да внимавате и на други фактори.

Како да изберете удобни чевли?

Пробувајте чевли додека стоите, а не додека седите

Една од најчестите грешки при пробувањето чевли е тоа да го направите додека седите.

Во тој момент чевлите може да ви делуваат удобно, но штом станете или ќе почнете да одите, прстите ќе почнат да ви се свиткуваат, односно нема да ви бидат удобни.

Секогаш прошетајте низ продавницата, направете неколку круга и почувствувајте ги чевлите - дали ви се тесни, кратки (и ви ги свиткуваат прстите), дали имаат (не)удобен пад (особено кај високите потпетици).

Па, ако и после неколку минути поминати на нога, чувствувате дека ви се добри - купете ги.

7-korisni-soveti-kako-da-izberete-udobni-chevli-za-sekoj-den-08.jpg

Не очекувајте чевлите да се растегнат

Дали некогаш ви се случило да се заљубите во чевли, но тие да ви се само малку тесни, а поголемиот број да ви е преголем на нога?

Но, не сакате да си одите без да купите ништо, па се решавате за тесниот пар, зашто се надевате дека тие малку ќе се прошират.

Во реалноста не е така, па не вреди ни да пробувате да ги растегнете.

По правило, производителите користат материјали кои не се растегнуваат. Секако, постојат исклучоци, но ако забележите дека вашите чевли станале пошироки, тогаш всушност влакната на материјалот не се растегнале, туку се скинале.

Според тоа, ваквите чевли или патики наскоро ќе станат неупотребливи.

Ова е спротивно на она што го кажуваат продавачите - дека чевлите ќе ви се растегнат/рашират.

Вистината е дека чевлите од вистинска кожа може малку да се растегнат, но само малку, тие нема да станат за еден број поголеми.

Затоа, никогаш не купувајте чевли кои ви се тесни - тие секогаш ќе ви создаваат непријатност.

7-korisni-soveti-kako-da-izberete-udobni-chevli-za-sekoj-den-07.jpg

Обрнете внимание на обликот и материјалот

Особено кога нарачувате преку интернет, земете ја предвид формата на обувките.

Дури и малку потесните чевли кај прстите, без разлика дали се мокасини или патики, можат да ги намалат параметрите наведени на етикетата, па тие да ви бидат тесни и неудобни за носење.

На пример, широките патики можат совршено да ви одговараат, но тесните еспадрили со иста големина, може да ви бидат непријатни за носење.

Понекогаш, при изборот на тесни обувки (како еспадрили), можеби е подобро да купите еден (или половина) број поголем од вашата големина.

Материјалот за чевлите мора да овозможи циркулација на воздухот, што ќе им обезбеди удобност на вашите стапала.

Ѓонот треба да биде гумен - овој материјал ќе додаде стабилност (особено кај патиките).

7-korisni-soveti-kako-da-izberete-udobni-chevli-za-sekoj-den-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg