7 корисни совети како да изберете удобни чевли за секој ден
Мерете ја големината на стапалото секоја година
Човечкото стапало расте во текот на целиот живот. Не со иста брзина како кога сте тинејџери, но сепак, низ годините, стапалата може да станат околу половина или еден број поголеми од порано.
Ова се должи на притисокот што се создава врз стапалата: лигаментите во нозете се шират, а соодветно на тоа, стапалото станува подолго и пошироко.
Затоа, мерете ја големината на стапалото. Подобро е тоа да го правите навечер, бидејќи по напорен ден, стапалата отекуваат, а чевлите што изгледале соодветни наутро, вечерта може да ви се тесни и непријатни.
Важно е да и кога ќе се мери стапалото, тоа да го направите стоејќи, а не седејќи, зашто при седење, големината на вашето стапало ќе биде помала.
Исто така, често левото и десното стапало може да не бидат исти.
Иако се милиметри во прашање, сепак е подобро да се фокусирате на подолгото стапало кога пробувате, а секогаш можете да го пополните празниот простор со нешто (на пример, специјална силиконска подлога).
Како да го измерите стапалото?
Ставете го врз лист хартија и ногата нека ви биде што е можно поправа.
Исцртајте го стапалото со маркер, ставете го палецот над линијата на вашиот голем прст и нацртајте линија.
Истото направете го и од внатрешната страна на вашето стапало.
Овој простор ќе ви ја обезбеди потребната удобност.
Изберете удобни патики за трчање
Патиките за трчање имаат голема длабочина, па тоа ќе ви овозможи да вметнете ортопедска влошка внатре.
Ова ќе го намали оптоварувањето на стапалата, колената и зглобовите додека трчате.
Дури и ако немате никакви проблеми, но го поминувате цел ден на нозе, ортопедските влошки ќе ви помогнат да ги намалите болките во нозете.
Имајте ја предвид дебелината на вашите чорапи
Секогаш треба да размислите какви чорапи ќе носите со обувките, бидејќи затворените чевли или патиките не можете да ги носите боси.
Затоа е подобро е да ги пробате чевлите со соодветни чорапи, а не со најлонски хулахопки ако ги купувате за во зима.
Дебелината на чорапите дефинитивно ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор во однос на големината.
Внимателно гледајте како ви стојат чевлите
Многу експерти препорачуваат да пробувате чевли пред крајот на денот, бидејќи до вечерта секогаш постои опција да ви се појави оток.
Па ако ви се вечерта удобни, купете ги, а ако ви се тесни, подобро е да пробате и еден број поголеми и да се решите кои ви се поудобни.
И секогаш погрижете се да има простор во близина на големиот прст и во близина на малиот прст - ако нешто штрчи барем малку, побарајте поголем број.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





