Тамара Тодевска блесна во црвено на настап во скопски локал + сите нејзини дамски изданија во последно време
Од одела со совршен крој, зачинети со кроп-топ од тантела оддолу, до монохроматски фустани, во кои до израз доаѓа нејзината женственост и убавина, Тамара Тодевска блеска со модните избори.
Тамара Тодевска во средата (21.05) беше специјален гостин на настапот на Драган Мијалковски во еден скопски локал.
Одличен спој на совршени вокали кои со право се меѓу најзвучните имиња во Македонија.
За овој настап Тамара вели:
„Особено задоволство е да се биде гостинка на единствениот Драган Мијалковски, брендот на македонската поп-музика“.
За оваа пригода, Тамара се одлучи за долг црвен фустан со едноставен крој во кој изгледа одлично.
И ова не е прва пригода Тамара да изгледа вака дамски и шик едновремено.
Во последно време таа со едноставни, но моќни аутфити постојано ја истакнува својата женственост и буквално плени.
Од монохроматски одела, зачинети со кроп-топ од тантела оддолу, до одела со впечатлив принт и длабоко деколте, таа периодов, покрај фустани, ужива да носи и одела.
Дамскиот и префинет стил на Тамара Тодевска:
Повеќе стајлинзи на следната страница...
Би можело да ве интересира:





