Џорџ Клуни пак има седа коса (по лошата кафеава), Никол Шерцингер остави без здив - Највпечатливите изданија на Тони наградите 2025
Откако пред неколку месеци седата коса ја обои кафеаво, а фановите разочарани на социјалните мрежи го нарекуваа „обичен“, Џорџ Клуни се појави со седа коса - и предизвика воодушевување. Неговата сопруга Амал блесна во бел фустан со бисери. Што облекоа ѕвездите на црвениот тепих на наградите Тони 2025?
Вчеравечер во Њујорк беа доделени наградите Тони, 78-ми по ред, за најдобрите театарски остварувања во изминатата година.
А на црвениот тепих пред Radio City Music Hall продефилираа некои од најголемите актерски ѕвезди во Холивуд, познати театарски глумци, но и многу музички имиња.
Ана Винтур со ќерката
Публиката беше воодушевена што Џорџ Клуни се врати на стариот имиџ и повторно има 'сребрена' (седа) коса.
Тој пред неколку месеци ја обои косата кафеаво, токму за улогата за бродвејската претстава Good Night And Good Luck за која и беше номиниран за најдобра машка улога.
Фановите беа разочарани од неговиот изглед, го исмеваа на социјалните мрежи и го нарекуваа „обичен“, но сега се повторно задоволни што Клуни се врати на старо.
Тој беше придружуван од сопругата Амал Клуни, која овој пат избра бел впечатлив фустан со бисери.
Амал и Џорџ Клуни
На црвениот тепих, меѓу другите продефилира и Синтија Евго (Wicked) која беше водителка на шоуто, Кејти Холмс, Никол Шерцингер воодушеви во црвен фустан (а потоа доби награда за најдобра актерка во мјузикл).
Тука беа и Сара Полсон, Брук Шилдс, Адам Ламберт и многу други.
Погледнете ги највпечатливите модни изданија на Тони наградите 2025:
Никол Шерцингер
Кејти Холмс
Адам Ламберт
Семјуел Л. Џексон со сопругата
Сара Полсон
Синтија Евго
Брук Шилдс
Џулиен Хоуг
Уште 10 на следната страница...
Би можело да ве интересира:





