Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Долна облека без рабови
Непишано правило е дека долната облека со рабови кои се исцртуваат би облекле повозрасни жени, но не и младите.
Па затоа, кога носите тесни панталони или нешто што ви го отцртува телото, избегнувајте долна облека која ќе се познава, а изберете парчиња со тенки рабови или со ласерски направен раб.

Го покривате вратот
Кога жените чувствуваат несигурност поради промените на вратот, деколтето, првите знаци на стареење, дамките, брчките на вратот и слично, решаваат овие недостатоци да ги скријат со ролка.
Но, ролките додаваат години и прават да изгледате уште постаро.
Наместо тоа, изберете кошули или маички во V-израз, кои ќе направат вратот да ви делива визуелно подолг.
Ако ставате синџирче, тоа никако не смее да ви биде „залепено“ до вратот.

Капри панталони
Дури и жените со извајани нозе треба да се внимателни кога избираат капри панталони или тренерки до над глуждовите.
Оваа должина го нагласува најширокиот дел од ногата и прави нозете да изгледаат тромаво.
Подобра алтернатива се панталони или фармерки со рамни ногавици, кои ќе бидат свиткани нагоре, но ќе го покажуваат само најтенкиот дел од ногата.

Соодветни очила
Очилата без рамки или со проѕирни рамки ги нагласуваат брчите, прават да изгледате изморено и постаро.
За помладешки изглед, изберете рамки во форма на кругови и во темна боја - кафеави или црни.

Тесни фармерки без џебови
Тесните фармерки без џебови делуваат евтино. Нив можете да ги замените со поширок модел до џебови.
Според стилистите, во овој случај подобра е сивата боја, наместо сината.

А. Ј. | Црнобело
