Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Tokyo James во Милано
Нашиот интернационален модел, Ивана Манас, која со години работи на светската модна сцена, имаше чест и привилегија да ја отвори ревијата на докажаниот бренд Тokyo James.

За било кој модел е голем предизвик и чест да работи на големите шоуа и ревии на врвните дизајнери и брендови, а посебно на Миланската модна недела.

Ивана Манас претходно работеше на ревии на светски дизајнери како Dolce&Gabbana, Rick Owens и Philipp Plein.

Taa беше единствената Македонка која стана заштитно лице на цела кампања на двоецот D&G.

„Нашата убавица со совршени пропорции останува во Милано до крајот на оваа сезона за да ги изработи другите модни проекти“, велат од нејзината матична агенција Моделс ИН менаџмент.

